Почитувани,
Од ЕВН Македонија е добиено известување дека на ден 27.09.2022 г. во период од 9.45 до 14.45 ч., без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од с.Кутретино, с.Суводол ,ТС АБ Солар 1 и ТС АБ Солар 2, Демир Хисар, Мургашево и Нова Населба.Прекините се заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена Г3.7 -електрани на биогориво на КП 530, КП531, КП532 КО Суво Грло, согласно Општ акт за село Сопотница (Одлука бр.17-788/6 од 31.08.2015 година), Општина Демир Хисар

 

Урбанистички проект

Потврда за одобрување на урбанистички проект

Повик за доделување еднократна парична помош

на семејствата кои имаат прваче

во учебната 2022/2023 година

на подрачјето на Општина Демир Хисар

Nikola-Najdovski

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 3.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од денеска 12.08.2022 година до 25.08.2022 година.

Образецот може да се подигне на линкот: ТУКА

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

 

Општина Демир Хисар

Никола Најдовски, Градоначалник

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување и општина Демир Хисар, односно учеството на општина Демир Хисар во ОП за 2022, Мерка 6: Јавни работи, општина Демир Хисар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до невработените лица од територијата на општина Демир Хисар за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 год.

 

 Општина Демир Хисар има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ од територијата на општина Демир Хисар кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на Агенција за Вработување Демир Хисар и да пополнат соодветна Пријава за учество.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Демир Хисар  трае заклучно со 10.08.2022 год. (среда) до 15 часот.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација (лична карта) и трансакциона сметка.

За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 600 денари по работно ангажирано лице – дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часа неделно.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Демир Хисар за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенција за Вработување подрачна канцеларија Демир Хисар и селектираните невработените лица.

На корисниците на Гарантирана минимална помош од МТСП за времетраење на работното ангажирање на невработените лица ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Демир Хисар, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Детални информации може да се добијат во Агенцијата за вработување Демир Хисар или во општина Демир Хисар.

Општина Демир Хисар согласно Законот за локална самоуправа, член 22, став 3 и став 5  (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.5 од 29 јануари, 2002 година) и Одлука бр.17-944/11 од 27.07.2022 Општина Демир Хисар објавува:

.

ОГЛАС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС

За користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица

 

1. Општи информации

Со цел поттикнување на развојот на руралниот туризам и зачувување на културно-историските вредности на Демир Хисар а во насока на остварување на своите надлежности како и целите на Проектот „Откривање на скриените атракции“ финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, Бр.на Договор  2019/411-175, Општина Демир Хисар ги повикува граѓанските здруженија кои работат во областа на развој на руралниот туризам и/или во областа на зачувување и унапредување на културните, природните и историските вредности да поднесат Пријава за пројавување на интерес за користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица. Поднесените пријави ќе ги разгледа Комисијата за општествени дејности по чијашто предлог конечна Одлука ќе донесе Советот на Општина Демир Хисар.

2. Предмет на огласот

Предмет на овој Оглас е давањето на користење и управување на објектот Задружен Дом, КП 1416/1, КО Слоештица. Согласно целите на проектот „Откривање на скриените атракции“ финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, Бр.на Договор  2019/411-175, објектот е комплетно реновиран и сега претставува Мултифункционалниот Центар во чии рамки влегуваат: сувенирница, отворена летна сцена, Спомен Соба на Петре М. Андреевски, 5 соби за сместување, заеднички тоалети и заеднички простории (чајна кујна и лоби). Просторијата наменета за локална продавница НЕ Е ПРЕДМЕТ на овој оглас.

 

3. Цели на користењето и управувањето со Мултифункционалниот Центар

Целите кои треба да се постигнат со користењето и управувањето на Мултифункционалниот Центар се: унапредување на условите за развој на руралниот туризам во демирхисарско преку промоција на природните и културните убавини на регионот; организација на туристички, културни и едукативни настани; организирање манифестации, настани, фестивали и активно вклучување на населението од руралните и помалите средини во развојот на општината; придонес кон развојот на дестинацијата преку креирање и промоција на атрактивни содржини за домашни и странски посетитиели; организирање на обуки, кампови и советувања од областа на уметноста, културата, спортот, претприемништвото  и туризмот; соработка со други граѓански здруженија со слични цели;

4. Период на користење и управувањето со Мултифункционалниот Центар

Периодот за кој се однесува користењето и управувањето со Мултифункционалниот Центар е 7(седум) години.

5. Право на пријавување

Право на пријавување на овој Оглас имаат здруженија на граѓани и Фондации регистрирани во Република Северна Македонија кои работат во областа на развој на руралниот туризам и/или во областа на зачувување и унапредување на културните, природните и историските вредности.

6. Потребни документи

-Пријава;

-Решение од Централен регистер;

-Статут;

-Програма за работа на здружението, а во насока на остварување на целите на користењето и управувањето со Мултифункционалниот Центар.

 

Документите да се испратат електронски на следната официјална електронска пошта на општина Демир Хисар: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.,

или во хартиена верзија на адреса:

До Општина Демир Хисар

ул.Битолска бб

7240 Демир Хисар

до Комисијата за општествени дејности  не подоцна од 10 (десет) денови од денот на објавувањето на овој Оглас, заклучно со 08.08.2022 година до 16 часот.

Мултифункционалниот Центар може да се погледне по претходна најва на следниот телефонски број: 047-552-661.

За дополнителни информации обратете се на Злате Бошевски на следниот телефонски број: 070-703-535.

Превземи Пријава.

Демир Хисар                                               Општина Демир Хисар

29.07.2022 год.                                             Градоначалник,

                                                                        Никола Најдовски

More Articles …

Page 2 of 3