ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8. СЕПТЕМВРИ - ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вести
Typography
  • Smaller Small Medium Big Bigger
  • Default Helvetica Segoe Georgia Times
градоначалникот Никола Најдовски, упати официјална честитка по повод денешниот голем национален празник
8.9.2023
„Почитувани сограѓани,
Дозволете ми од мое лично име и од името на сите вработени во локалната самоуправа, да Ви го честитам големиот национален празник 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија🇲🇰 и да Ви упатам желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој, меѓусебна почит, успеси на личен, институционален и професионален план. Силно посветени да изградиме просперитетна држава и да ја негуваме вековната традиција со меѓусебна почит. Да го зачуваме идеалот на нашите предци, а меѓу другото и, да се обврзиме кон нашите потомци пренесувајќи достојно една моќна порака да продолжат со поборнички дух во изградбата за безбедна, стабилна, демократска и развиена Македонија. Вечна да нѝ е независна Република Македонија“, стои во честитката на градоначалникот Најдовски.