ОДБЕЛЕЖАН 2. СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДЕМИР ХИСАР 1.9.2023

Вести
Typography
  • Smaller Small Medium Big Bigger
  • Default Helvetica Segoe Georgia Times

По повод празникот „2-ри Септември“, Денот на ослободување на Демир Хисар, општинска делегација предводена од градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, претседателот на Советот, советници, делегација на Општинскиот одбор на сојузот на борците од Демир Хисар, претставници од Организацијата на резервни офицери на РМ - подрачно одделение Демир Хисар, раководители на Јавни претпријатија и установи, денес, положија цвеќе на споменичните обележја и оддадоа почит, во слава, чест и благодарност кон сите што ги дале своите животи за слободна Македонија, како и сите наши претходници кои вложиле значаен дел од својот професионален живот и работа во повоената изградба на нашата општина.

Согласно утврдена програма по повод чествувањето на празникот во салата за состаноци во Домот на пензионери се одржа и свечена седница по повод „2-ри Септември“, Денот на ослободување на Демир Хисар, 79 години од ослободувањето.
Седницата ја отвори претседателот, Љупчо Најдовски, кој упати празнична честитка, а пригодно обраќање имаше и градоначалникот Никола Најдовски, каде што од негово лично име и од името на Локалната самоуправа го честиташе Денот на ослободувањето на Демир Хисар.
Градоначалникот Најдовски ја истакна важноста на овој голем историски датум за Општината, односно, нагласи дека, овој датум е за секаква почит, настан кој заслужува да биде запаметен и запишан во историските книги на нашата Општина.
Времето пред нас е полно предизвици.
Со полн ентузијазам и посветеност во работата со висок степен на заедништво, соработка се трудиме сите потенцијали да ги насочиме кон подобар и побрз развој на нашата општина, рече Најдовски.
„2-ри Септември“ е името и што го носи Детската градинка во Демир Хисар, и по тој повод, Најдовски им го честиташе патрониот на сите вработени, со желби за добро здравје, личен и професионален успех.
 
01
 
02
03
04
06
07
08
09
10
11
12
13