Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, упати официјална честитка во негово лично име и во името на вработените во локалната самоуправа, а по повод големиот христијански празник, Велигден, а во која се вели:
Ви го честитам големиот христијански празник, Велигден, со најискрени желби за добро здравје, благодет, хармонија, радост, бериќет, семејна и општествена благосостојба, мирен духовен живот и пријатни мигови со Вашите најсакани.Искреноста во Вашите срца да биде сеприсутна, бидејќи таа е основата на христијанската вера. Нека Воскресението Христово - Велигден ни даде сила и поттик придржувајќи се на темелните вредности на христијанството и негувајќи ги највозвишените човечки вредности - љубов, мир, разбирање и помагање, со надеж и верба, заеднички придонесеме за развој и просперитет на нашата убава општина..Нека ни е честит и вековит празникот Велигден!Нека е за многу години!Христос воскресе, навистина воскресе!“.Ваш градоначалник,Никола Најдовски
Велигденска Празнична Честитка на Градоначалникот Никола Најдовски
Typography
- Smaller Small Medium Big Bigger
- Default Helvetica Segoe Georgia Times
- Reading Mode