ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР - VIII. ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2023

Вести
Typography
  • Smaller Small Medium Big Bigger
  • Default Helvetica Segoe Georgia Times
Спортската манифестација „Хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал‟, добива се поголем публицитет, а за тоа говори големиот број на присутни ширум регионот на годинашниот осми по ред, под генерално покровителство на градоначалникот, кој се комплетираше викендов во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар.
.
osmi-megjuinstitucionalen-turnir-vo-mal-fudbal-2023-3
.
Резултати, финални натпревари
за трето место: АРМ - ЈКП „Комуналец‟ & ООУ „Браќа Миладиновци‟ 3:3 (2:0 пенали);
финале: ОВР Демир Хисар - ООУ „Гоце Делчев‟ 4:1.
1.ОВР Демир Хисар
2.ООУ „Гоце Делчев‟
3.АРМ
За најдобар играч на турнирот беше избран Александар Јанкуловски од екипата на ООУ „Гоце Делчев‟.
.
osmi-megjuinstitucionalen-turnir-v-mal-fudbal-2023-1
.
Градоначалникот Најдовски, упати честитки за најдобрите и освоените места, а меѓу другото и, ја поздрави одличната, фер и коректна игра од страна на сите учесници - екипи на овогодинешниот турнир и целокупната организација.
„Оваа спортска манифестација е од огромно значење за сите нас, бидејќи се помовира и негува спортскиот дух и сите заедно споделуваме радост и задоволство, но и поттикнуваме нови иницијативи и активности, како суштински настани за нашата општина‟, истакна Најдовски.
Екипата на ООУ „Гоце Делчев‟ за време на паузата од полувремето приредија изненадување кога свечено му врачија симболично пригодни поклони на нивниот колега Живко Јошевски, а по повод неговото пензионирање како просветен работник, честитајќи му ги пензионерските денови со искрени желби за добро здравје и долг и среќен пензионерски живот.
И оваа година, традиционално, обезбедените средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели кои ќе бидат организирани во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.