Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ PDF Печати
Zasle-11

ХУМАНИТАРЦИТЕ СТИГНАА И ВО ЗАШЛЕ

14.03.2012

Долг и тешкопрооден пат требаше да изоди и совлада тимот хуманитарци предводен од грдоначалникот Тони Ангелевски за да стигне до селото Зашле. И покрај големата неизвесност, заради високите снежни наноси на одделни места, дали ќе се стигне до селото, сепак благодарение на дополнителното ангажирање на теренското возило на противпожарната единица, помошта беше дистрибуирана до Зашлечкото средсело.

Повеќе...
 
ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ PDF Печати

Dinacija-Mrenoga-1

МЛАДИТЕ ХУМАНИТАРЦИ ДОНИРАА ПОМОШ

07.03.2012

Членовите на клубот на младите на Црвениот крст од средното училиште „Крсте Мисирков“ и градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски посетија три демирхисарски семејства и донираа хуманитарна помош.

Повеќе...
 
ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ PDF Печати

Kviz-4СО ЗНАЕЊЕ КОН ЕДНАКВОСТ - КВИЗ

02.03.2012

Учениците од шестите, седмите и осмите одделенија од основните училишта „Гоце Делчев“ од Демир Хисар и „Браќа Миладиновци“ од Жван на денешниот натпревар во знање покажаа речи си изедначен резултат. На натпреварот по историја, во категорија на учениците од VI одделение, деветтолетка при „Гоце Делчев“ беа најдобри во знаењата по историја, а во категоријата ученици од VI – то одделение, осмолетка, најдобри беа „Браќа Миладиновци“ од Жван.

Повеќе...
 
ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ PDF Печати
Hum.pomos_Radovo-1

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА РАДОВО

06.03.2012

Поволните временски прилики кои предизвикаа извесно топење на дебелата снежна покривка, овозможија екипата на општинската организација на Црвениот крст да се искачи до демирхисарскотот планинско село Радово.

Повеќе...
 
ЗДРАВ ЖИВОТ PDF Печати
Zdrava_hrana-9

ХРАНА БЕЗ МААНА

02.03.2012

Над 30 домашни специјалитети подготвени според традиционални македонски рецепти, денеска беа изложени во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар изработени од вештите раце на средношколците од гимназијата „Крсте Мисирков“, членови на еко – одборот и членови на клубот на подмладокот на Црвениот крст. Покрај едукативниот карактер, презентацијата беше и од хуманитарна природа. Секој посетител на штандот, за симболичен и доброволен паричен прилог, имаше можност да проба од специјалитетите здрава и традиционална храна. Сите средства што ќе бидат донирани од дегустацијата, младите демирхисарски хуманитарци ќе ги вложат во добротворни цели.

Zdrava_hrana-1

Едновремено, под мотото „Заедно кон подобра иднина“, беше отворена изложба на ликовни творби на учениците од сите основни и средното училиште.

Манифестацијата што беше поддржана и од градоначалникот на опоштината Тони Ангелевски, се одржа во рамките на проектот „Здрава храна за детство без мана“ и Програмата ОХО за интеграција на еколошката едукација во образовниот систем, како и проектот „Промоција на хумани вредности“ на Црвениот крст.





Zdrava_hrana-2Zdrava_hrana-4
Zdrava_hrana-5
Zdrava_hrana-6
Zdrava_hrana-7
Zdrava_hrana-8
Zdrava_hrana-10

 
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>

Страница 261 од 284

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер