НЕВРЕМЕ |
|
|
 
СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ПРОЛЕТНИТЕ КУЛТУРИ
Денеска околу 5 часот наутро, поширокото подрачје на општината Демир Хисар го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град. Градот со големина на зрно од лешник речиси целосно го побеле плодородното мургашевско, граишко, вардинско и светско-единаковско поле. Огромни површини засадени со пролетни градинарски култури (пипер, домати, грав) се речиси целосно уништени. На одредени парцели оштетувањата се толку големи, што ќе мора или да се пресадат или да се преораат. Штети има и врз есенските посеви и овошните насади – голем број површини под пченица и јачмен се, исто така, оштетени и полегнати, а плодот на овошните насади е скоро целосно уништен.
|
Повеќе...
|
|
СЕ ЧИСТИ ЦРНА |
|
|
СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА
Со тешка механизација, започна чистењето на коритото на Црна Река по течението на реката во општината Демир Хисар. Армијата и општината се договорија, во атарите на селата Единаковци и Света, да се расчисти коритото и да се корегира водотекот на Црна Река во должина од околу 2,5 километри. За оваа цел обезбедени се 15000 литри нафта.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 Следно > Крај >>
|
Страница 274 од 274 |