Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД 2. СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати

2.9.2022

- ОДРЖАНА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР, А ПО ПОВОД 2. СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДЕМИР ХИСАР

.

svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-4

Повеќе...
 
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати

2.9.2022

Повеќе...
 
Еднократна парична помош на семејствата со прваче PDF Печати

Повик за доделување еднократна парична помош

на семејствата кои имаат прваче

во учебната 2022/2023 година

на подрачјето на Општина Демир Хисар

Nikola-Najdovski

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 3.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од денеска 12.08.2022 година до 25.08.2022 година.

Образецот може да се подигне на линкот: ТУКА

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Општина Демир Хисар

Никола Најдовски, Градоначалник

 
Дневен ред за 13 седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 13-та седница на  Совет на општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 25.08.2022 година (четврток) со почеток во 9 часот во Салата за состаноци во

Домот на култура „Илинден”  Демир Хисар


За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д


-Усвојување на записник од 12 седница на Совет на општина Демир Хисар

1. Усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот  за општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година.

2. Донесување на Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Демир Хисар за 2022 година (прв ребаланс).

3. Донесување на Одлука за за давање согласност на Годишен план за вработување на општина Демир Хисар за 2023 година.

4. Донесување на Одлука за давање на користење и управување на Мултифункционален Центар во с.Слоештица.

5. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2021/2022 година.

6. Усвојување на Годишнa програма за работа за ООУ „Гоце Делчев“  Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

7. Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

8. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар за учебната 2021/2022 година.

9. Усвојување на Годишнa програма за  работа за ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

10. Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

11. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар за учебната 2021/2022 година.

12. Усвојување на Годишнa програма за работа за ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

13. Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

14. Усвојување на Финансиски извештај од ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2022 до 30.06.2022 година.

15. Донесување на Одлука за за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар за 2023 година.

16.Донесување на Решение за давање согласност на Ценовникот за вршење на услуги за  за превоз од страна на  Јавното претпријатие Дехи Транс-Демир Хисар.

17. Донесување на Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „ДЕХИ ТРАНС“ Демир Хисар.

18.Донесување на решение за давање согласност на измени и дополнување на Статутот на ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар.

19. Донесување на Одлука за за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за 2023 година.

20.Донесување на Одлука за за давање согласност на Годишен план за вработување на Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар за 2023 година

21. Донесување Решение за разрешување и именување на член во Комисија за финансии и буџет.

22. Разгледување на Иницијатива за измени на проектот за улица 1-ви Мај Демир Хисар планирање на паркин простор и тротоар.

23.Предлози и прашања

 
ОДБЕЛЕЖАНА 119. ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА PDF Печати

10.8.2022

.

odbelezana-119-godisninata-od-smrtta-na-jordan-piperkata

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 279

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер