Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
Список на недоставени решенија и опомени за комунална такса и данок на имот за 2020 PDF Печати

Им се сопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение,или од било кои причини не добиле решение со соодветно задолжение за 2020 година и опомени за заостанат долг за данок на имот за периодот заклучно со 2019 година и опомени за заостанат долг за комунална такса заклучно со 2020 година, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на соопштението,да се јават во Одделението за финансиски прашања во општина Демир Хисар на ул.Битолска бб, за подигање на даночните решенија.

            Списоците со недоставени решенија и опомени се објавени на огласна табла во просториите на општина Демир Хисар, како и на официјалната веб страна www.demirhisar.gov.mk

            Со објавеното соопштение, доставата на решенијата се смета за уредна и сите негативни последици што можат да настанат од неподигањето на решението, паѓаат на товар на самата странка.

.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

РАКОВОДИТЕЛ

Влатко Станковски                                                                    

.

.

С  П  И  С  О  К

На недоставени Решенија данок на имот 2020 г.  и не доставени  Опомени за 2019 г.

Повеќе...
 
Дневен ред за 48-ма седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати

25.02.2021 

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

Повеќе...
 
Воспоставување на Механизам за жалби и поплаки во врска со „Проектот за поврзување на локални патишта“ PDF Печати

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за алоцирање на средства од Договорот за заем за „Проектот за поврзување на локални патишта“ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 33/2020) со која за Општина Демир Хисар алоцирани се средства во износ од 694.618,81 ЕВРА.

Повеќе...
 
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ PDF Печати

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ

ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на: • Реонски попишувачи и • Реонски инструктори.

II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи:

Повеќе...
 
Дневен ред за 47-ма седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати

22.01.2021

Врз основа на член 53 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 8 од 263

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер