Јавен повик за работно ангажирање - Јавни работи |
|
|
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, за Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување и општина Демир Хисар, односно учеството на општина Демир Хисар во ОП за 2022, Мерка 6: Јавни работи, општина Демир Хисар објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до невработените лица од територијата на општина Демир Хисар за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 год.
Општина Демир Хисар има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ од територијата на општина Демир Хисар кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на Агенција за Вработување Демир Хисар и да пополнат соодветна Пријава за учество.
Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Демир Хисар трае заклучно со 10.08.2022 год. (среда) до 15 часот.
|
Повеќе...
|
|
„ИЛИНДЕН ВО СМИЛЕВО, 2022“ |
|
|
- Покана за присуство и учество на манифестацијата
27.7.2022
.

|
Повеќе...
|
ИНФОРМАТИВНА ВЕСТ |
|
|
22.7.2022
- Дезинсекција комарци - Втора Фаза, 2022 год.
.
|
Повеќе...
|
|
Оглас за пројавување на интерес |
|
|
Општина Демир Хисар согласно Законот за локална самоуправа, член 22, став 3 и став 5 (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.5 од 29 јануари, 2002 година) и Одлука бр.17-944/11 од 27.07.2022 Општина Демир Хисар објавува:
.
ОГЛАС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС
За користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица
1. Општи информации
Со цел поттикнување на развојот на руралниот туризам и зачувување на културно-историските вредности на Демир Хисар а во насока на остварување на своите надлежности како и целите на Проектот „Откривање на скриените атракции“ финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, Бр.на Договор 2019/411-175, Општина Демир Хисар ги повикува граѓанските здруженија кои работат во областа на развој на руралниот туризам и/или во областа на зачувување и унапредување на културните, природните и историските вредности да поднесат Пријава за пројавување на интерес за користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица. Поднесените пријави ќе ги разгледа Комисијата за општествени дејности по чијашто предлог конечна Одлука ќе донесе Советот на Општина Демир Хисар.
|
Повеќе...
|
ДНЕВЕН РЕД ЗА 12. СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР |
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>
|
Страница 11 од 284 |