СОВЕТОТ ЈА ОДРЖА 28 - ТА СЕДНИЦА Печати

Grb_na_opstinata-smalСоветот на општината Демир Хисар ја одржа 28 – та редовна седница, последна во претходниот месец. Како што беше најавено, советниците расправаа и одлучуваа по повеќе точки од својот делокруг на надлежности.

Донесен е сет од одлуки и правилници во врска со преземањето на управување на градските гробишта. Исто така, Советот расправаше и за преземањето на управување на водоводните системи во селата Журче и Прибилци, како и за одлуката за утврдување на цената на водата. Наскоро на официјалниот веб портал на општината Демир Хисар ќе бидат објавени сите одлуки.