КООРДИНАЦИЈА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Печати
HPIM5856

25.08.2011

На покана на заменикот на градоначалникот, советникот Кире Димовски, во кабинетот на градоначалникот се одржа координативен состанок со претстаници на сите јавни претпријатија, установи и други јавни институции. Предмет на разговор беше претстојното одбележување на Втори септември, Денот на општината,  и Осми септември, денот на независноста.

На присутните им беше презентиран Протоколот за целокупната организација и планираните активности за што посвечено и подостоинствено одбележување на двата датума. Посебно внимание беше посветено на свеченостите што ќе се одржат на 7 – ми септември и свеченостите што ќе се организираат во текот на септември кој што со одлука на Владата на РМ е прогласен за Месец на државност.

По повод Денот на општината, на Втори септември општината ќе ја посетат пратениците од Австралија и Азија и Америка и Канда – Милорад Додевски и Павле Саздов, претседателот на Демирхисарското хуманитарно друштво во Сиднеј Австралија, Рубин Нешковски и претставникот од секторот за национални приоритети во МНР, Ненад Шундовски.

Гостите ќе имаат средба со градоначалникот, а ќе положат цвеќе на споменикот на демирхисарските револуционери во Демир Хисар и гробот на Даме Груев во Смилево.

HPIM5857

Почетокот  на прославата на Денот на независноста ќе биде означен на 7 – ми септември со прим кај градоначалникот за претставници на јавниот, политичкиот, културниот и стопанскиот живот во општината, поранешни претседатели  односно градоначалници на општината или членови на нивните семејства, невладини организации, здруженија на граѓани, политички партии и др.

Во фоајето на зградата на општината ќе биде откриена галерија на фотографии на поранешни претседатели, односно градоначалници на општината Демир Хисар, а во Домот на културата ќе се одржи промоција на  краткометражниот филм „Вишновата градина“ спорд истоименото дела на А. П. Чехов, во режија на Гоце Димовски. Главните улоги ги толкуваат Мето Јовановски и Габриела Петрушевска.

Вечерта на 7 – ми септември, во Домот на културата ќе се одржи Свечена приредба на која ќе настапат ученици од сите училишта и КУД „Илинден“.

Во текот на септември ќе се одржат и други манифестации посветени на Месецот на државноста.


HPIM5860
HPIM5861