Одиме на викенд во Зашле Печати
Disovering Hidden Attractions

logo ipa cbc republic of north macedonia - republic of albania

Затворањето на угостителските објекти и хотелите, заради намалување на опасноста од пандемијата, не мора да значи дека нема можност за друг вид релаксација, особено за време на викендите. Нема поубава рекреација од прошетка во природа.

На менито за викендот кој доаѓа ви го предлагаме демирхисарското село Зашле.

Ова планинско село се наоѓа на н.в. од 1220 м. и зафаќа површина од дури 19,1 км2 од падините на планината Лубен. Изобилува со пасишта и шуми и преубава питка вода која во селото истекува преку две чешми, велат, со ист капацитет на истечност преку целата година. Во селото, чиешто име за прв пат се споменува во пишаните записи во 1467/8 год., денес живеат 15-тина повозрасни жители кои главно се занимаваат со одгледување на кози и овци, традиционално производство на вар (во камени варници), собирање на печурки и чаеви, а во последно време, особено се зголемува бројот на кошниците со пчели и викенд пчелари.

Зашле е село со најголем број археолошки наоѓалишта во демирхисарско – ги има дури 7: на локалитетите Дабовја, Јачмиште, Караиче и Куќиште има остатоци од 4 населби и топилници со 1 некропола од доцноантичко време, а на локалитетите Кале и Старо Кочиште суште постојат остатоци од населби од среден век.

Ова е едно од најоддалечените села од центарот на општината, со Демир Хисар е поврзано со 28 км. асфалтен пат, особено живописен во последните 11 км. низ селата Доленци и Брезово.

Доколку не сте во можност да го посетите Зашле, ви нудиме ексклузивна виртуелна прошетка преку фотографиите што ги позајмивме од Стефан Петровски и неговиот филантропски проект http://www.mojrodenkraj.com.mk/

Текст: @Art Point – Gumno

Извор и Фотографии: Стефан Петровски http://www.mojrodenkraj.com.mk/village.php?id=380

ENG:

The closure of restaurants and hotels, due to the risk of the pandemic, does not necessarily mean that there is no possibility for another type of relaxation, especially during the weekends. There is no better recreation than a walk in a nature.
On the menu for coming weekend we suggest You the village of Zashle, Demir Hisar.
This mountain village is located at 1220 m. Altitude and covers an area of as much as 19.1 km2 from the slopes of Mount Luben. It abounds in pastures and forests and purest drinking water that flows through two fountains in the village, people say, with the same capacity of flow throughout the year. In the village, whose name was first mentioned in the written records in 1467/8, today live about 15 elderly inhabitants who are mainly engaged in goats’ and sheep breeding, traditional production of lime (in stone houses), collecting mushrooms and teas. Lately, the number of beehives and the so called “weekend beekeepers” is increasing.
Zashle is a village with the largest number of archeological sites in the Demir Hisar region - there are as many as 7: at the sites Dabovja, Jachmiste, Karaiche and Kukishte there are remains of 4 settlements and iron smelters with 1 necropolis from late antiquity, and at the sites Kale and Staro Kociste there are still remaining from medieval settlements.
This is one of the most remote villages from the center of the municipality, it is connected with Demir Hisar with 28 km. asphalt road, especially picturesque in the last 11 km. through the villages of Dolenci and Brezovo.
In case if you are not able to visit Zashle, we are offering you an exclusive virtual walk through the photos which we borrowed from Stefan Petrovski via his philanthropic project http://www.mojrodenkraj.com.mk/
Text: @Art Point – Gumno
Source & Photos: Stefan Petrovski http://www.mojrodenkraj.com.mk/village.php?id=380

#ipa2cbcmkal  #euwithyou  #МЛС