ИНТЕРЕСОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НАД ОЧЕКУВАЊАТА – И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОМАГА Печати
3

02.09.2011

Првичните проценки дека интересот на граѓаните за легализација ќе биде во рамките на предвидувањата, односно дека бројот на поднесените барања благо се доближува до бројката на евидентирани, ги надмина сите очекувања. Само за последниве 10 дена поднесени се околу 500, односно до претпоследниот ден од последниот рок, поднесени околу 1400 барања. Дневно се процесираат по околу 100 барања, а до 3 септември се очекува бројката да достигне  над 2000.

Од вчера, Комисијата е персонално засилена со уште неколку вработени во општинската администрација, а денеска во работата на Комисијата се вклучи и градоначалникот Ангелевски.

-          Искрено, не очекувавме олкав интерес. Направивме се, граѓаните да ги информираме и анимираме да започнат постапка за легализација, особено во руралните средини. Посебно сме задоволни што последниве неколку дена, граѓаните од селските населени места масовно доаѓаат и поднесуваат барања, што не беше случаЈ претходно – вели градоначалникот Ангелевски кој не го крие задоволството од големиот интерес.

 Последниот рок е 3 септември, а градоначалникот Ангелевски најавува дека комисијата ќе работи се додека не се прими и последното барање, односно на 3 септември до полноќ.

41