ТРАДИЦИОНАЛНО ФРЛАЊЕ НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ДЕМИР ХИСАР Печати

20.1.2022

.

vodici-2022-1


На Богојавление главен настан е фрлањето на крстот во водата, и затоа, по тој голем повод, а во духот на православните обичаи, во 18 населени места на територијата на Општина Демир Хисар, се одбележа големиот христијански празник „Богојавление“ - Водици, 2022 година, каде што беше организирано фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите, вчера, 19.1.2022 година.

.
Општинска делегација предводена од директори на Јавни установи и претпријатија, како и членови на Советот на Општина Демир Хисар, присуствуваа на Водичарските церемонии и заедно со граѓаните го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на Светиот крст на територијата на општината.
Најмасовно, и овој пат, беше на централната Богојавленска свеченост на мостот на Стара Река, населба Мургашево, Демир Хисар, со голем број на верници ширум општината и соседните општини.
.
vodici-2022-2
.
.
За најуспешните и најсреќните, им беа доделени пригодни поклони од страна на општинската делегација.
Градоначалникот Никола Најдовски, упати честитки до сите, со искрени желби за добро здравје, љубов, среќа во животот и успех на секое поле.
Во прилог и листа на најсреќните имиња кои го фатија Светиот крст - богојавленците, во Општина Демир Хисар:
.
1. Демир Хисар, Дарко Кочовски
2. Сопотница, Дени Котевски
3. Белче, Јован Талевски
4. Прибилци, Петар Николовски
5. Граиште, Горан Кордановски
6. Вардино, Андреј Лозановски
7. Жван, Веселин Пејковски
8. Слепче, Марио Велевски
9. Суводол, Николај Најдовски
10. Доленци, Ѓорѓи Пејковски
11. Слоештица, Христијан Мегленовски
12. Смилево, Ќире Кочанковски
13. Загориче - Утово, Даниел Ѓорѓиевски
14. Стругово, Александар Милевски
15. Журче, Ѓорѓи Најдовски
16. Железнец, Ѓорѓи Чекутков
17. Единаковци, Антонио Николовски
18. Света, Христијан Богоевски
.
(ФОТОГАЛЕРИЈА)
.
vodici-2022
.
vodici-2022-3
.
vodici-2022-4
.
vodici-2022-5