ПРАТЕНИКОТ ДОДЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДЕМИР ХИСАР Печати
Delagacija-1

Висока делегација од македонската дијаспора во Австралија преводена од пратеникот за Австралија и Азија, г-н Милорад Додевски, денска беше во еднодневна официјална посета на Демир Хисар. На почетокот од посетата, делегацијата имаше официјална средба со градоначалникот на општината, г -  Тони Ангелевски.

Беа разменети идеи и предлози за воспоставување на нови двонасочни стопански и културни врски со демирхисарските иселеници во Австралија. Од средбата произлегоа конкратни предлози за директна поддршка на општината Демир Хисар во обезбедување на учебници и книги за учениците на македонски јазик во Австралија, финансиска поддршка на проектот за изградба на соборен храм во Демир Хисар, како и културна размена на ниво на културно – уметнички друштва од Австралија и Македонија. Стана збор и за директна, непосредна соработка на Психијатриската болница со Македонско – Автралиската добротворна организација во Австралиа за отворање на дом за стари лица во Демир Хисар.

Гостите од Австралија го посетија селото Смилево и положија цвеќе на гробот на Даме Груев и споменикот на Смилевските Илинденци, како и манастирот Св. Јован Крстител кај селото Слепче. Пратеникот Додевски беше придружуван од г – н Ненад Шундовски, поранешен Генерален козул во Мелбур, директорката на Македонската добротворна организација во Мелбурн, г-ѓа Дијана Стерјовска, претседателот на Демирхисарското добротворно друштво во Сиднеј, г - н Рубин Нешковски и претставници на задгранични комитети на ВМРО – ДПМНЕ во Мелбурн, Сиднеј и Волонгог.

Delagacija-2Delagacija-2Delagacija-4Delagacija-6