Дезинсекција комарци - Прва Фаза 2022 год. Печати

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

     Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка се издава следново соопштение:

     Ве известуваме дека на 19.05.2022 (четврток) ќе се спроведува ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

     Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот наутро.

     Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло.

Read More

     Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата но течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот на програмата.

     Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.

     Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.