СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-1 |
![]() |
![]() ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ 10.10.2011 Градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски денеска беше домаќин и покровител на чествувањето по повод 11 октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. За претставницте на Општинскиот одбор на сојузот на борците, резервните воени старешини, наставници и ученици од основните и средното општинско училиште, беше организиран прием во кабинетот на градоначалникот. - По повод 11 октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ, во мое лично име и во името на граѓаните на општината Демир Хисар, Ви упатувам искрени честитки со желба, нашата Татковина, Република Македонија да се развива на сите општествени подрачја – рече, покрај другото, во своето пригодно обраќање градоначалникот Ангелевски. Во името на борците и поддржувачите и продолжувачите на традициите од НОБ, говореше и евоцираше спомени Димитар Павлевски од Жван, учесник во НОБ. На најдобрите ученици, учесници на наградниот конкурс за најдобра литературна творба, градоначалникот Ангелевски и Димитар Павлевски им доделија пригодни награди. |