СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-3 |
![]() |
![]() 10.10.2011 ЦВЕЌЕ ЗА ХЕРОИТЕ Во рамките на годинашното одбележување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, општински делегации од борци, резервни воени старешини, невладини организации и ученици посетија споменичните обележја во центарот на градот. Заедничка делегација на демирхисарските борци и градоначалникот на општината Тони Ангелевски, како и делегација на резервните воени старешини и ученици, нa споменичите обележја на демирхисарските револуционери положија цвеќе. Пред споменикот на Демирхисарските револуционери, беше прочитан реферат за значењето на празникот, а учениците – учесници на наградниот конкурс за надобра литературна творба, пред споменикот ги прочитаа нивните лични творби инспирирани од историските подвизи на борците за независна Македонија. ![]() ![]() ![]() |