ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО Печати
Knigi-donacija-6

11.10.2011

ДОНАЦИЈА ЗА МАКЕДОНЧИЊАТА ВО АВСТРАЛИЈА


Градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски предаде донација во книги за македонските основци во Австралија. На пригодната свеченост што се одржа по тој повод и на Денот на народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, донацијата ја прими Ненад Шундовски од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

-          Исклучително сум задоволен што нам како општина ни се укажа благородна прилика, да ја доделиме оваа донација за нашите млади сонародници во далечна Австралија, како скромен придонес во зачувувањето на нашиот идентитет преку јазикот и културата. Ако за некого досега беше очекувано ние да добиваме донации од нашите исселеници, ова е најдобар и најоригинален показ, дека помошта може да се насочи и во обратна насока – рече градоначалникот Ангелевски при предавањето на донацијата.

Ова е прва добротворна акција од ваков вид наменета за нашите сонародници во Австралија, а е резултат на соработката што беше договорена при неодамнешната посета на пратеникот за Австралија Мики Додевски и претставниците на задграничните комитети на ВМРО – ДПМНЕ и УМС во Австралија на општината Демир Хисар што се случи на 5 – ти септември. Во акцијата беше вклучен градоначалникот на општината Демир Хисар, училиштата „Гоце Делчев“ од Демир Хисар  и „Браќа Миладиновци“ од с. Жван и Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од  Демир Хисар.

Донацијата се состои од над 300 наслови и околу 400 примероци на учебници од прво до осмо, односно деветто одделение, лектирна литаратура и друга литература од домашни автори – сите на македонски јазик.

-          Преку Министерството за надворешни работи, книгите ќе бидат предадени на Кејлор даунс колеџот во Мелбурн, односно саботното училиште на македонски јазик каде што се школуваат над 100 македончиња – изјави Шундовски од МНР.

Пратеникот Додевски, претставници на македонски добротворни друштва и невладини органиации во Австралија и претставници на зарграничните комитети на ВМРО – ДПМНЕ и УМС на ВМРО – ДПМНЕ и претставниокот на МНР Ненад Шундовски, во почетокот на септември беа во еднодневна посета на општината Демир Хисар на која што, покрај оваа донација беа договорени и други конкретни активности со цел зацврстување и продлабочување на врските и соработката со македонската дијаспора во Австралија

Knigi-donacija-7
Knigi-donacija-4
Knigi-donacija-2
Knigi-donacija-3
Knigi-donacija-8