Skip to content
Уреди ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Секогаш активни

Неопходни колачиња се потребни за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

Нема колачиња за прикажување.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-страницата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

 

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за аналитика се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-страницата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

Нема колачиња за прикажување.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИЗЛОЖБА ВО ДЕМИР ХИСАР НАСЛОВЕНА „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИИ”

Во Домот на културата „Илинден”, Демир Хисар беше официјално отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографии” од авторот Рубинчо Белчевски, историчар – кустос советник. Изложбата е во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј”, Прилеп. Изложбата ја отворија авторот Рубинчо Белчески и директорот на Завод и Музеј – Прилеп, Горанче Цветкоски, а истата, ќе биде поставена до 18.4.2023 (вторник).

Историчарот Белчевски, конкретно се осврна да говори подетално за ликот и делото на големиот Македонец, борец, деец и политичар – првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.

Белчевски, несомнено, максимално се посветил и макотрпно работел на неговото извонредно дело – фотомонографија, каде пошироката јавност има увид на богатиот и броен материјал од секаков вид. Презентацијата, односно изложбата на фотографии за ликот и делото на Ченто, кои се подредени хронолошки, собрани на едно место, има за цел да му овозможи на секој да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и на фотографии кои „зборуваат” за „животот на Ченто и после смртта”.

Градоначалникот Најдовски, изрази голема благодарност до организаторите за тоа што беше удостoен да биде на отворањето на овој голем културно – историски настан.

– Ми претставува особена чест и задоволство што, денес, присуствувам на еден едукативен, културен и историски настан, а каде што преку изложбата ќе се запознаеме повеќе за најголемиот Македонец кој пожртвувано и храбро се борел за самостојна, независна и обединета Македонија. Од тука сакам да порачам до поновите генерации – достојно и со висок пиетет да го чуваат ликот и делото на визионерот Ченто, првиот претседател на Македонија кој остави неизбришлива трага во современата политичка историја. На Белчески срдечно му честитам за оваа огромно дело и во иднина му посакувам уште повеќе уметнички дела, преку коишто се афирмира и претставува македонската историја во вистинско и автентично светло. И понатаму, несебично ќе ги поддржуваме и интензивно ќе инвестираме во полето на културата, бидејќи, пред сè, таа е основата на едно општество, рече Најдовски.

Во знак на успешна соработка, Белчески, на директорот на Домот на културата, Славче Велјановски и на градоначалникот Најдовски, им врачи поклон книга – фотомонографија „Ченто – биографија низ фотографии”.

На денешното отворање, изложбата имаа прилика да ја погледнат ученици од основните општински училишта заедно со нивните наставници, како и раководители на локални институции и други останати граѓани.