Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА

Општина Демир Хисар ги известува сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса (фирмарина), дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по тие основи заклучно со 2021 година.

Напоменуваме дека во тековната година Општина Демир Хисар испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса (фирмарина)  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на општината. Од причини што рокот во којшто требаше да се изврши плаќање по доставените опомени е изминат, Општина Демир Хисар започна со изготвување на решенија за присилна наплата кои ќе ги достави до даночните обврзници и носителите на платен промет (деловните банки).

Со цел да се избегне блокирање на сметките, сите обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, потребно е најитно (заклучно со 10.12.2022 г.) да ги подмират своите обврски.

Општина Демир Хисар

ГрадоначалникНикола Најдовски

Skip to content