ЈКП „Комуналец“ PDF Печати

 ЈКП "Комуналец" Демир Хисар 

 img_8719

1. Основање 

.

Јавното комунално претпријатие е основано од општината Демир Хисар со решение бр.03-1460/4 од 28.5.1966 година.

Основачот на јавното претпријатие со Одлука може јавното претпријатие да го преобрази во Друштво со ограничена одговорност или Акционерско друштво. 

Ако во јавното претпријатие се вложат средства на правни и физички лица основачот донесува Одлука јавното претпријатие да се организира како Друштво со ограничена одговорност или Акционерско друштво.

Основачот може да донесе Одлука за издвојување на дел од јавното претпријатие под услови делот што се издвојува од јавното претпријатие да може непречено да продолжи со работа и посебно да функционира.  

.

2. Основни одредби 

.

Јавното комунално претпријатие "Комуналец" Демир Хисар (во понатамошниот текст: комунално претпријатие) се основа заради вршење на комунална дејност од јавен интерес за територијата на општина Демир Хисар. 

Во извршувањето на дејноста од јавен интерес се почитуваат принципите на сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугата, транспарентност, достапност и универзална услуга, како и заштита на корисниците.

Комуналното претпријатие има својство на правно лице со одговорност, своја жиро-сметка, а за извршените и преземените обврски одговара со целокупниот имот со целосна одговорност.

 

3.Органи на претпријатието 

.

Органи на комуналното претпријатие се: 

- Управен одбор

- Надзорен одбор за материјално финансиско работење (во понатамошен текст: Надзорен одбор) 

- Директор 

.

4. Управен одбор 

.

Управниот одбор на комуналното претпријатие се состои од 7 (седум) членови.

Управниот одбор од редот на своите членови избира претседател и заменик претседател. 

Во Управниот одбор основачот именува, односно разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работење на јавното претпријатие.

Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот одбор не може да биде подолг од 4 (четири) години. 

.

5. Дејност, фирма, седиште, печат и штембил 

.

Јавното комунално претпријатие "Комуналец" Демир Хисар во рамките на својот делокруг на работење ги врши следните дејности:

.

ОСНОВНИ ДЕЈНОСТИ:

.

36.00 - Собирање, обработка и снабдување со вода;

37.00 - Отстранување на отпадни води; 

38.11 - Собирање на безопасен отпад; 

28.21 - Обработка и отстранување на безопасен отпад;

81.30 - Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина;

96.03 - Погребни и слични дејности. 

.

СПОРЕДНИ (ДОПОЛНИТЕЛНИ) ДЕЈНОСТИ 

.

41.20 - Изградба на стамбени и нестамбени објекти; 

42.11 - Изградба на патишта и автопати; 

42.21 - Изградба на комунални објекти за течност;

42.91 - Изградба на хидроградежни објекти; 

42.99 - Изградба на други објекти од нискоградба, неспомнати на други места, инсталации за греење - клима уреди;

49.31 - Градски и приградски патнички копнен транспорт; 

52.21 - Услужни дејности поврзани со копнен.

.

ЈКП "Комуналец" може да ја промени дејноста со: 

- проширување на дејноста 

- воведување на нови дејности 

- укинување на одделни дејност

За сите наведени промени одлучува органот на управување, а за дејностите од јавен интерес основачот на претпријатието. 

.

6. Седиште 

.

Седиштето на ЈКП "Комуналец" е во Демир Хисар на ул. "29-ти Ноември" бб. 

.

7. Печат и штембил 

.

ЈКП "Комуналец" Демир Хисар има свој печат и штембил. Печатот има форма на круг со пречник од 2цм со текст испишан на кирилица (печатни букви) со фирмата на претпријатието. 

Штембилот има правоаголна форма со димензии 6цм x 2.5цм на кој е испишана фирмата на претпријатието. 

Начинот на употреба, ракувањето, чувањето и злоупотребата на печатот и штембилот е регулирано со посебен акт на претпријатието.  

 

img_8733

.

Адреса: ул."29-ти Ноември" бб Демир Хисар 

Телефони: (+389) 047 277 577 

078 358 327

Факс: (+389) 047 277 578 

Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

Директор: Гоце Мицковски

.

- ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2023 ГОДИНА (pdf - верзија)

- ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2022 ГОДИНА (pdf - верзија)

- ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2022 ГОДИНА (pdf - верзија)

- ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2021 ГОДИНА (pdf - верзија)

- ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2021 ГОДИНА (pdf - верзија)

- ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2020 ГОДИНА (pdf - верзија)

.

.

Завршни сметки ЈКП КОМУНАЛЕЦ Демир Хисар
Завршна сметка за 2018
Завршна сметка за 2017
Завршна сметка за 2016

  .

ЈКП КОМУНАЛЕЦ Демир Хисар
Програма за работа за 2019 година ЈКП Комуналец
Програма за работа за 2018 година ЈКП Комуналец
Програма за работа за 2017 година ЈКП Комуналец
Програма за работа за 2016 година ЈКП Комуналец
Извештај за работа за 2015 година ЈКП Комуналец
Програма за работа за 2015 година ЈКП Комуналец
Извештај за работа 2014 година ЈКП Комуналец
Програма за работа за 2014 година ЈКП Комуналец
Извештај за работа 2013 година ЈКП Комуналец
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер