Локална самоуправа
Службен гласник PDF Печати

ПОБАРАЈ ВО „Е - ОПШТИНА“

 
Администрација PDF Печати
Градоначалникот раководи со општинската администрација. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот, по предлог на Градоначалникот.

Општинската администрација е организирана по одделенија.

Повеќе...
 
СОВЕТ НА ОПШТИНАТА PDF Печати

НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР (2021 - 2025)

.

АЦЕ ЈАНКУЛОВСКИ - ВМРО - ДПМНЕ

МАРИНА ДИМИТРИЈОВСКА - СДСМ

САНДРА ПЕЈКОВСКА - ВМР0 - ДПМНЕ

САШО МИХАЈЛОВСКИ - СДСМ

ВАЛЕНТИН НЕСТОРОВСКИ - ПОДЕМ

ДАНИЕЛА ДАВИДЕВСКА - СДСМ

ФИЛИП АНГЕЛЕВСКИ - ВМРО - ДПМНЕ

ЈОРДАН КРОМИДАРОВСКИ - СДСМ

ЉУПЧО НАЈДОВСКИ - ЛДП И ДОМ (ПРЕТСЕДАТЕЛ)

МАГДАЛЕНА ВЕЉАНОВСКА - ВМРО - ДПМНЕ

ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА - НСДП

.

Превземи pdf документ со податоци за членовите на советот на Општина Демир Хисар (2021-2025)

.

Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од девет ниту поголем од 33 члена. Соодветно на бројот на жителите, Советот на општината Демир Хисар го сочинуваат 11 советници. Членовите на советот се избираат за време од четири години.

Членовите на советот ги претставуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.

Членот на советот не може да биде отповикан.

Со Советот на општината раководи претседател.

Претседателот на советот се избира од редот на членовите на советот, со мандат од четири години.
За претседател на советот е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.

За разгледување на прашања од своја надлежност, Советот формира комисии. Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.

Постојани комисии на Советот се:

  • Комисија за финансии и буџет;
  • Комисија за јавни и комунални дејности;
  • Комисија за Урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за месна самоуправа;
  • Комисија за одбележување на празници, манифестации и доделување признанија и награди;
  • Комисија за мандатни прашања, избори и именување;
  • Статутарно правна комисија.

.

Надлежност на советот


1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;

14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
15. Врши и други работи утврдени со закон.


Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот точките (7) и (9), може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.


Раководното лице од точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

 
Градоначалник PDF Печати

fotografija-gradonacalnik-rubrika-veb-stranca НИКОЛА НАЈДОВСКИ

                                                                            Градоначалник на Општина Демир Хисар


Надлежности на градоначалникот

1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на
општината;
4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се
делегирани на општината;
6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на
советот;
7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на
општината;
8. Го извршува буџетот на општината;
9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината,
врз основа на јавен конкурс;
10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на
правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Донесува правилник за систематизација на работните места на
општинската администрација;
13. Раководи со општинската администрација;
14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и
одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку
поинаку не е определено со закон.
15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и
заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.


Градоначалникот може да овласти раководен службеник на
општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да
потпишува акти.


 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 2 од 2

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер