Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во с.Смилево

Овој музеј функционира како депенаданс на Завод и музеј -Битола, а во најскоро време ќе прерасне во Национална установа од областа на културата.

Изградбата на музејот започнала во 2003 година по повод 100 години од одржувањето на Смилевскиот конгрес и завршила следната 2004 година кога музејот бил отворен.

Музејот се простира на површина од 130 м2, на којашто музејската поставка е прикажана музејската поставка поделена во пет тематски целини. Поставката била изговена од страна на Народниот музеј во Битола.

Камен-темелник за изградба на музејот бил поставен во 2003 година по повод 100 години од одржувањето на Смилевскиот конгрес, а истиот бил отворен следната 2004 година.

Музејската поставка е поделена на пет тематски целини: Меморијална соба за Смилевскиот конгрес 1903 година, Смилево во Илинденското востание, Спомен соба за животот и револуционерната дејност на Даме Груев, Спомен соба за Партизанскиот одред „Даме Груев“ и Етнолошка соба за Смилево.

Во Меморијалната соба за Смилевскиот конгрес 1903 година преку текстуални документи и фотографии е претставена содржината и значењето на Смилевскиот конгрес. Во собата има повеќе од 35 фотографии, од кои 27 се од делегатите на Конгресот, а останатите се од револуционерните чети. Овој дел исто така содржи дваесетина документи кои содржат протоколи од заседанијата на Конгресот, фрагменти од Дисциплинскиот востанички устав, портрети од членовиот на Главниот штаб и копија од знамето на II Битолски револуционерен округ. Освен документи, во оваа тематска целина се изложени и два оригинални предмети: револверот на смилевскиот војвода Велјан Илиев – Пенчо и бомба изработена во една од смилевските леарници.

Како посебна тематска целина во истиот простор е прикажано Смилево за време на Илинденското востание преку портрети на смилевски војводи и фотографии за контраофанзивата и нејзините последици врз селото. во портрети на неколку смилевски војводи, како и фото документи за контраофанзивата и последиците од тоа во селото. Во рамки на оваа тематска целина е изложено и оружје од Илинденскиот период.

Во спомен-собата на Даме Груев се прикажани повеќе од триесетина фотографии и 14 документи за животот и делото на овој револуционер. Некои документи, како што се записникот од судењето на Даме Груев и писма од неговата архива се изложени за првпат. Во овој простор е изложен и фонд на книги кои се однесуваат на историјатот на Смилево и за животот и делото на Даме Груев.

Спомен-собата посветена на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ содржи материјали за првата воена акција на одредот изведена на 2 август 1942 година во селото Смилево. Целта на оваа акција била спречување на бугарските власти да одржат собир во селото. На простор од 20 м2 се изложени 50 фотографии и документи преку кои се следи развојот на револуционерната дејност во селото во периодот меѓу двете светски војни. На фотографиите се прикажани револуционери од самото село и целиот крај, економската моќ на селото, како и развојот и воената дејност на партизанскиот одред. Освен тоа, изложено се партизанско оружје и воени материјали. Во етнолошката соба е претставен материјал од материјалната култура во селото, кој главно е истакнат преку народната носија, и тоа: невестинска, носија за постара жена и машка носија. Народната носија по своите одлики припаѓа на мијачко-дебарската носија и се вбројува во најкарактеристичните народни носии. Оваа тематска целина содржи и приказ на функционалноста на куќата преку вградена мусандраогништесофра и ковчег. Изложените предмети се од самото село.

Локација: село Смилево, Општина Демир Хисар
Контакт лице: Ѓорѓи Коштревски, телефон: +389 (0)75 298 688
Работно време: вторник-сабота, од 8 до 16 часот (или по потреба и на повик)
Skip to content