Известувања
ПОРАКА ЗА МИР И АПЕЛ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 07 Август 2018 11:15

Почитувани, 

Ве известуваме дека во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје, во соработка со Општина Демир Хисар, Домот на култура „Илинден“ и МЗ Жван, на 09.08.2018г. (четврток), во 12 часот на мостот во с. Жван, Општина Демир Хисар, ќе биде одржан музичко - поетски перфоманс на која ќе биде испратена: „ПОРАКА ЗА МИР И АПЕЛ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ“, во водите на Црна Река (Еригон), по повод традиционалниот настан кој се одржува во село Жван со години наназад, кој не навраќа на 73 години од човечката катастрофа во Хирошима и Нагасаки, Јапонија, која однесе над 200 000 човечки животи и нанесе огромна материјална штета со трајни последици. 

.

Последно освежено на Среда, 08 Август 2018 07:34
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Четврток, 12 Јули 2018 07:41
ИЗВЕСТУВАЊЕ
evn - 1
.
ЕВН Македонија известува дека поради планирани 
зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 13.07.2018г. (петок), во период 
од 10.00 - 12.00 ч. без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од следните населени места: Ново Село, Ракитница, Растојца, 
Кочишта и Сопотница. 
Последно освежено на Четврток, 12 Јули 2018 08:48
 
Известување за минирање PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Петок, 29 Јуни 2018 08:06

ИЗВЕСТУВАЊЕ !

Од страна на ЈП Македонски шуми, ПШС Бигла Демир Хисар

 

на ден 29.06.2018г.

ќе се изврши МИНИРАЊЕ

заради изградба на шумски пат

во ШСЕ Суводол одд.17

во атарот на с.Вардино.

Минирањето ќе биде во

период од 10.00 до 13.00 часот.

Известувањето е со цел да се запознае месното население .

 

ПО-РЦУК Демир Хисар

Последно освежено на Четврток, 12 Јули 2018 08:49
 
ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО С.ЖВАН PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 05 Јуни 2018 08:34

Општина Демир Хисар објави Оглас за барање за прибирање на понуди за изработка на целокупна планска и Проектна документација за изградба на канализациона мрежа со предтретман на отпадни води за с.Жван. Вкупната проценета вредност изнесува 635.000,00 денари. Еден дел од средствата се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатиот дел од Буџетот на Општина Демир Хисар за 2018 година. Се очекува постапката за jавна набавка да заврши до средината на месец jули, а рокот за изработка на проектната документација е шеесет дена од склучување на договорот за jавна набавка.

                                                                                                Комисија за jавни набавки

                                                                                                                 Претседател

                                                                                                          Влатко Станковски

Последно освежено на Вторник, 05 Јуни 2018 08:49
 
„Хиперповрзани музеи: Нови пристапи, нова публика“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 15 Мај 2018 10:08

Утре 16 мај, со почеток во 11.30 часот во рамките на Манифестацијата Демир Хисар град на култура, 2018. ИКОМ - МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА МУЗЕИТЕ - Македонија, по повод Меѓународниот ден на музеите ќе одржи советување на тема: „Хиперповрзани музеи: Нови пристапи, нова публика“. Советувањето ќе се одржи во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар. 

ikom - muzei

Последно освежено на Вторник, 15 Мај 2018 10:34
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Страница 5 од 9

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер