ПОРАКА ЗА МИР И АПЕЛ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 07 Август 2018 11:15

Почитувани, 

Ве известуваме дека во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје, во соработка со Општина Демир Хисар, Домот на култура „Илинден“ и МЗ Жван, на 09.08.2018г. (четврток), во 12 часот на мостот во с. Жван, Општина Демир Хисар, ќе биде одржан музичко - поетски перфоманс на која ќе биде испратена: „ПОРАКА ЗА МИР И АПЕЛ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ“, во водите на Црна Река (Еригон), по повод традиционалниот настан кој се одржува во село Жван со години наназад, кој не навраќа на 73 години од човечката катастрофа во Хирошима и Нагасаки, Јапонија, која однесе над 200 000 човечки животи и нанесе огромна материјална штета со трајни последици. 

.

   На овој настан учество ќе земат поети од ЛК „Изгрев“ при Домот на култура „Илинден“, Демир Хисар, Славко Крстевски и Виолета Сековска од Скопје. Неколку песни ќе испее Ристана Николовска - Рина. Учество ќе земе и Зоран Карапанчев, врвен фотограф со македонско потекло кој живее во Канада, а Живко Поповски - Цветин ќе подари од своите Цвеќиња на мирот. 

.

Пригоден говор ќе одржи проф. д-р Менде Солунчевски, вработен во МО на РМ, подрачно одделение Демир Хисар. 

Последно освежено на Среда, 08 Август 2018 07:34
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер