Oглас за ангажирање на проектен менаџер за потребите на проект Печати
Напишано од Urednik   
Петок, 15 Ноември 2019 15:00

_

О Г Л А С

Општина Демир Хисар


објавува оглас за ангажирање на проектен менаџер за потребите на проектот:

Откривање на скриените атракции - кофинансиран од ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

Општина Демир Хисар ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани да бидат вклучени во активностите на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно со постапката за избор на проектен менаџер.

Носител на проектот: Општина Демир Хисар

Партнери на проектот :

Општина Клос, Албанија

Интернационален центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ Гумно, Слоештица (МК)

Фондација за локална автономија и управување, ФЛАГ (Ал)

Главна цел на проектот:

Унапредување на прекугрничниот регион како туристичка атракција преку на промоција на културното и природно наследство

Кофинансиран од :

ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија ИПА/2019/411175

Министерство за локална самоуправа на Северна Македонија

Времетрање на проектот : од 01.12.2019 до 01,08,2021

Официјален јазик на проектот: Англиски

За потребите на горенаведениот проект менаџер ќе треба да спроведе:

-          Имплементација на проектните активности на Општина Демир Хисар согласно одобрената  апликацијата и динамиката на реализација предвидена во Договорот за грант

-          Изработка на неопходната документација во која се евидентира извршувањето на проектните активности согласно правилата на донаторот и потпишаниот Договор за грант

-          Управување со финансиските средства во проектот одобрени за активностите на Општина Демир Хисар

-          Подготовка на месечни и финални извештаи за реализација на проектот (наративни)

-          Водење на точна, редовна и ажурирана финансиска и административна евиденција за реализацијата на активностите од проектот

-          Развивање на работни материјали за потребите на проектните активности

-          Координација со проектните партнери на проектот

-          Трансфер на финансиски средства на проектните партнери согласно потпишана Спогодба за партнерство

-          Координација и комуникација со засегнатите страни на проектот

-          Промоција на проектот, проектните цели и активности

-          Подготовка на текстуални објави на официјалните веб страни на проектот и Општина Демир Хисар за текот на реализацијата на проектот и постигнатите резултатите од реализацијата на проектот

-          Изработка на месечни билтени за реализирани активности во согланост со поставените временски рамки, на македонски и англиски јазик;

-          Управување со Систем за управување со информациите на проектот (Management and Information System)

-          Комуникација со надлежен контролор

-          Комуникација со номиниран проектен офицер од Заеднички Технички Секретаријат на Прекуграничната Програма

-          Подготовување на потребните документи за ревизија

-          Изработка на Услови за ангажирање на експерти/консултанти

-          Следење на работата на надворешните експерти ангажирани во проектот

-          Учествува во спроведувањето на постапките за јавни набавки

-          Ги следи финансиските и административните прописи во согласност со постојните закони на донаторот и националните закони

Потребни квалификации:

-          Високо образование, 240 EKT, пожелно Мастер ниво

-          Одлично познавање на англиски јазик

-          Претходно искуство во имплементација на ЕУ/ИПА финансирани проекти

-          Познавање на ЕУ ПРАГ процедурите

-          Искуство со имплементација во спроведување на проекти од програма за  прекугранична соработка

-          Искуство во реализација на проекти од областа на развој на туризмот

Временска рамка за реализација на ангажманот:

Временска рамка на спроведување на активностите е до 01,12,2019-01,08,2021.

Работното време е 5 дена неделно по 8 часа (понеделник-петок 08:00-16:00)

Паричен надоместок 700 ЕУР Бруто во денарска противредност, согласно курсот на INFOEURO за изминатиот месец  

Локација:

Активностите ќе се спроведуваат во просториите на Општина Демир Хисар и територијата на проектните партнери

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • ПРИЈАВА- во слободен формат
  • Кратка биографија во европски формат (europass);
  • Доказ за завршено високо образование (скениран документ)
  • Доказ за познавање на англиски јазик (скеиран документ)
  • Сертификати за обуки и тренинзи (скенирани документи)
  • Листа на проекти и улога на апликантот (со референци/контакти од реализираните проекти) 

*Општина Демир Хисар го задржува правото по потреба да побара оригинали на документи на увид

Кандидатите ќе бидат евалуирани од страна на Комисија за евалуација при Општина Демир Хисар, врз основа на претходно воспоставени критериуми во Табела за евалуација. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повникани на интервју.Непотполни документи нема да бидат разгледувани.

Апликациите треба да бидат доставени по електронски пат на e-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Краен рок за пријавување е 22.11.2019, 16 h. година

Демир Хисар,

15,11,2019                                                  

Градоначалник на Општина Демир Хисар

Марјанче Стојановски