КРИЗЕН ШТАБ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Недела, 19 Април 2020 14:59

19.04.2020

.

foto subvencii za na veb


.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА ПОДИГАЊЕ НА СУБВЕНЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ТУТУН
.

Почитувани, Ве известуваме дека се исплатени субвенциите за тутун и истите може да се подигнат на овој начин:
- Примателите на субвенции кои поседуваат дебитни картички за време на забраната за движење можат да ги подигнуваат од банкоматите веќе од понеделник 20 април 2020 година во период од 16 до 23 часот.
- Оние приматели на субвенции кои подигнуваат средства директно од шалтерите на банките, тоа можат да го сторат согласно работното време на експозитурите на банките во Општина Демир Хисар согласно редоследот на првата буква од презимето и тоа:
-21 април (вторник)- А, Б, В, Г, Д
-22 април (среда)-Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К
-23 април (четврток)-Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р
-24 април (петок)-С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Џ, Ш.

.

Работното време експозитурата на Стопанска банка АД Скопје во Демир Хисар е од 07.30 до 13.30 часот, а експозитурите на НЛБ Тутунска Банка и Стопанска банка АД скопје во Прилеп и Битола ќе работат од 08 до 17 часот.

Апелираме до примателите на субвенции за почитување на распоредот, којшто е димензиониран за бројот на корисници на субвенции да е рамномерно распределен во повеќе денови. Овој процес ќе биде контролиран од страна на МВР, чии припадници ќе поседуваат списоци на лица кои се на дневниот распоред за подигање на субвенции.

.

Апелираме до сите приматели на субвенции да ги почитуваат мерките кои се наложени од надлежните институции за справување со Коронавирусот (Covid-19), при подигањето на средствата од банкоматите или шалтерите на банките.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер