ИЗВЕСТУВАЊЕ за јавна расправа/видео консултација PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Среда, 13 Мај 2020 13:52

Република Северна Македонија

Министерство за транспорт и врски

Проект за поврзувањена локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ и одржување на јавна расправа/видео консултација задокументот

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на локалниот пат  Р 29371 – Слоештица во Општина Демир Хисар,во рамки наПроектот за поврзувањена локални патишта


 

 

 

Во рамки на “Проектот за поврзувањена локални патишта” кој се реализира од страна Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Демир Хисар аплицираше со проект за реконструкција на локалниот пат  Р 29371 – Слоештица во Општина Демир Хисар.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и наОпштина Демир Хисар(https://www.demirhisar.gov.mk/) на 13 мај 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Демир Хисар ќе организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 15 мај (петок) 2020 со почеток во 10.00 часот.

Сите заинтересирани лица нека достават барање за учество по е-маил на следнава адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најкасно до 14 мај (четврток) 2020, до 15.00 часот.Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен на вашата е-маил адреса за учество на настанот.

 

Министерство за транспорт и врски


ДНЕВЕН РЕД

за одржување на јавна расправа/видео консултација задокументот

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалниот пат  Р 29371 – Слоештица

во Општина Демир Хисар во рамки на

Проектот за поврзувањена локални патишта

 

 

 

 

Ве покануваме на јавна расправа/ видео консултацијаза документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалниот пат  Р 29371 – Слоештица во Општина Демир Хисар,во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 15 мај 2020 (петок) со почеток во 10.00 часот, со следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање на претставник од Министерство за транспорт и врски за Проектот за поврзувањена локални патишта; - 10 минути
  2. Краток осврт на проектните активности од страна на претставник од Министерство за транспорт и врски; – 15 минути
  3. Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспектиза прокетот” (м-р Славјанка Пејчиновска Андонова,Експерт за животна средина); – 20 минути
  4. Дискусија.

Датум: 12 мај 2020 

ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА)

Реконструкција на локалниот пат  Р 29371 – Слоештица во Општина Демир Хисар

Превземи Тука: МК Верзијан; ENG верзија;

Превземи формулар за коментари на документ

Последно освежено на Четврток, 14 Мај 2020 08:18
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер