Основно образование PDF Печати

.

ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДЕМИР ХИСАР

Logo-SMALENO

Goce_delcev-1

.

Историјат

Училиштето започна со работа  во учебната 1948/49 година.

Зградата на Основното училиште е градена во текот на 1965/66, а со работа во неа е отпочнато на 01.02.1966 година. Градена е наменски, добро е зачувана, функционална е и ги задоволува потребите.

Училиштето располага со 2.600 m2 корисна површина или 4,30 m2 по ученик од која 1.186,25 m2 е училнички простор. Располага со фисклутурна сала со површина 195 m2, кујна и трпезарија од 115,65 m2, библиотека со 34,20 m2 и други помошни простории . Дворното место е со површина од 11.380 m2.

Мрежата на училиштето се состои од едно осумгодишно училиште со седиште во Демир Хисар и 9 четиригодишни подрачни училишта во населените места: Стругово, Кутретино, Вардино, Света, Единаковци, Граиште, Журче, Прибилци и Слепче и ги опфаќа населените места: Демир Хисар, Утово, Загориче, Стругово, Кутретино, Суводол, Вардино, Света, Единаковци, Бараково, Граиште, Журче, Сладуево, Прибилци, Белче и Слепче.

Reon__na_opfat

Активности, дејности и актуелни информации

ПРОЕКТ: Компјутер за секое дете 

Целосно е реализиран проектот Компјутер за секое дете - проект финансиран од страна на Владата на РМ со, што училиштето е инфраструктурно подготвено за реализација. Во училиштето се доставени 70 ученички клупи и 140 ученички столчиња. наменети за поставување на новите компјутери, со што комплетно е заменет инвентарот во 8 училници.

Се поставија 7 нови ормари за чување на лап топ компјутери наменети за најмалите ученици т.н. Intel Classmate. Училиштето доби 173 Intel Classmate и се поделени во сите одделенија во централното училиште и во сите подрачни училишта, така што, за секое дете има лап топ со пристап на интернет.

Во сите Подрачни училишта се поставени интернет киосци кои што се на дофат и услуга на сите ученици и граѓани.

Училиштето доби компјутерска опрема што нуди можност за поставување на 400 станици, односно можност 400 ученици едновремено да имаат компјутер пред себе и интернет врска.

Секој наставник доби лап топ компјутер со што ќе се придонесе во воведување на информатичката технологија во наставата и  осовременување на воспитно образовниот процес. 

- Извештај за спроведена самоевалуација во ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, за период 2019 - 2021 година

Goce_Delcev-2

НАБАВКА НА НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА

Поаѓајќи од дефинираната мисија и воспоставената визија, а со цел опремување на училиштето и подобрување на квалитетот на наставата, во рамките на проектот за Модернизација на образованието, проект подржан од МОН и УСАИД беа набавени нагледни средства и технички помагала по наставните предмети биологија и хемија и извршена  адаптација на кабинетите  во висина од  15 000 ЕУ.

СПОРТСКА САЛА „ЈОРДАН ПИПЕРКАТА“

Советот на Општина Демир Хисар на седницата одржана на 11.08.2008 година донесе Одлука бр.07-750/1 за отстапување на користење и управување на спортската сала „ Јордан Пиперката  изградена во централното градско подрачје.

Спортската сала е изградена со средства од Влада на РМ и Агенција за млади и спорт.

Goce_Delcev-3

ИЗДРАДБА НА ЛЕТНА УЧИЛНИЦА

                        Во кругот на училишниот двор, а во согласност со Програмата за развој на училиштето изградена е летна училница со сопствени средства, која го подобри естескиот изглед на училиштето и условите за реализација на наставата во природа.

Во нашето училиште за прв пат од своето постоење се формира тим за откривање и работа со надарени и талентирани ученици. Надарените ученици се значајна категорија која овозможува успешно функционирање на современата модерна настава. Овие ученици со својот акцелеративен напредок ги мотивираат и иницираат другите ученици активно да учат и креативно да работат.

Goce_Delcev-4 

Завршна сметка за 2017 година

Адреса

ул.Битолска бб

7240 Демир Хисар

Телефон:

(+389) 47 276 331,

Teлефакс:

(+389) 47 202 481

Е-маил

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите gmail.com

WEB страница

www.gdelcevdh.schools.edu.mk

Директор:

ВАЛЕНТИНА ДИМОСКА

.

ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ЖВАН

Braka_Miladinovci-3-smalena

.

ЗА УЧИЛИШТЕТО

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ с.Жван е сместено во новата населба на с. Жван на патниот правец Битола – Кичево. Ова училиште прибира ученици од горниот дел на Демир Хисар.

Училиштето располага со 6 згради од кои 2 за потребите на Основното училиште и 4 за потребите на подрачните училишта.

Зградата на ОУ е градена во текот на 1961 година, а со настава во неа е започнато на 01.09.1962 година.

Училиштето распокага со асфалтирани игралишта за ракомет и кошарка, сообраќаен полигон, уреден парк со цвеќиња и зимзелени дрва, а преостанатиот дел е тревнат. Дворното место е со површина од 4000 м2. Истото е оградено и уредено. Зградата е градена  наменски, добро е зачувана, функционална и ги задоволува потребите за организирање на воспитно-образовниот процес.

Располага со 826 м2, корисна површина. 450 м2 е ученички простор. Располага со фискултурна сала со површина од 200 м2, кујна и трпезарија со 110 м2, библиотека со читална со 50 м2 и други помошни простории.

.

Braka_Miladinovci-4-smalena

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

 

Целосна компјутеризација на училиштето со проектот компјутер за секое дете реализиран од Владата на Р.Македонија.

Со проектот за модернизација на образованието набавени се нагледни средства по повеќе наставни предмети како и целосно реновирање на фискултурната сала и набавка на душеци, греди, топки  и друг инвентар за непречено одвивање на наставата по Физичко и здравствено образование за изградување на здрава и правилна млада личност.

Санирани се санитарните јазли во с. Сапотница со поставување на казанчиња за вода, чешми, мијалници, како и приклучување во канализациска мрежа со цел да се подобрат хигиенските услови.

Поставување на бетонски плочи и настрешница на влезните скали во ООУ „Браќа Миладиновци“ – с.Жван, поставување на железни огради на врати и прозорци во централното и подрачните училишта.

Со поставување на нова бетонска подлога и ламинат, целосно е реновирана училница за VII одделение.

.

(PDF - документи)

- САМОЕВАЛУАЦИЈА ЗА ПЕРИОД 2018 - 2020 ГОДИНА

- САМОЕВАЛУАЦИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2020 - 2022 ГОДИНА

Slika-1


Адреса: ООУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван, Демир Хисар

Телефон/факс: 047 271 501

Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Директор: НИКОЛА КРСТЕВСКИ


ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДАМЕ ГРУЕВ“ СМИЛЕВО

1

.

КРАТОК ИСТОРИЈАТ

Првата училишна зграда во Смилево е изградена во далечната 1928, а дотогаш наставата се изведувала во селската црква. Бројот на ученици во учебната 1928/29 бил 104. Нивниот број постепено се зголемувал така што по ослободувањето бројот на ученици достигнал до 195, кога за прв пат наставата се изведува од прво петто одделение.

Во 1954 воведено е осумгодишно основно образование. Како и во останатите рурални средини, во овој крај бројот на учениците почнува драстично да се намалува така што сега има 42 ученици распоредени во 4 паралелки за предметна и 3 паралелки за одделенска настава (1 во ОУ Даме Груев Смилево и 2 во подрачното училиште во с.Обедник од кои 1  на настава на македонски и 1 на настава на албански јазик).

.

МИСИЈА

Нашето училиште е отворено за нови, современи и напредни облици на учење каде секое дете ги открива своите таленти и способности, ги развива истите, слободно ги искажува своите ставови, знае колку вреди и ги почитува оние кои вредат и при тоа формира систем на вредности со помош на професионалното ангажирање на наставниците и родителите. 

.

ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ, ДЕЈНОСТИ

Денес, ги следиме сите модерни текови во образованието, создаваме подобри услови за работа и  користиме современи наставни средства и модерна технологија. 

Освен воспитно-образовната функција како примарна, ОУ „Даме Груев“ Смилево има и друга функција – културна. Со оглед дека се наоѓа во село со големо историско значење училиштето одбележува значајни датуми од македонската историја посебно поврзани со нашиот патрон Даме, родум од ова село и, секако, Смилевскиот конгрес за кој организираме свечености  од 2-7 мај под мотото  „ДЕНОВИ НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС“. 

Денес основното училиште „Даме Груев“ с. Смилево, брои 36 ученици.

.

Адреса:  с. Смилево, Демир Хисар

Телефон:  047/274-331

E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Директор: 

МИРЈАНА КОНДИНСКА


3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер