Јавни претпријатија и установи
Средно образование |
![]() |
![]() |
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ Историјат Училиштето е основано во 1975 година како Училишен центар за средно образование. Од основањето, па се до 1989 година, наставата се изведуваше во зградата на ОУ "Гоце Делчев" во Демир Хисар, а од 1989 година, наставата се реализира во нова, наменски изградена зграда која училиштето ја користи самостојно. Со самиот развој на општеството и приликите во кои опстојува училиштето, се менувале повеќе струки и гимназиски насоки. За повеќе од 35 години постоење и непрекинат развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди. Основна дејност Основната дејност на училиштето е, организирање на воспитно-образовен процес, според наставните планови и програми од Бирото за развој на образованието на Република Македонија за Реформирано гимназиско образование и Стручно образование од Шумарско-дрвопреработувачка струка. Адреса: Ул. „Гоце Делчев“ б.б. 7240 Демир Хисар Телефон/телефакс: Тел: 047 276 431 Факс: 047 276 711 E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Официјален web site на училиштето: Директор: Јасмина Дамчевска |