По повод 20. Мај, Ден на пожарникарите, градоначалникот Никола Најдовски, упати честитка до пожарникарите во која се вели:
.
„Почитувани пожарникари,
Дозволете ми, во мое лично име и во името на локалната самоуправа, да ви упатам срдечни и искрени честитки и да изразам голема благодарност за вашата посветеност, одговорност, пожртвуваност, професионалност и храброст, бидејќи вашата благородна и хумана професија е од исклучително значење за сите нас, за безбедноста на граѓаните, бидејќи сте изложени на голем ризик и опасност за заштита на граѓаните. Ви посакувам многу успех во работата, а ние како локална самоуправа максимално ќе се потрудиме да нашата Територијална противпожарна единица, Демир Хисар, добие современи услови за работа, како и подобрување на капацитетите на единицата, која ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните. Во оваа прилика, сакам да соопштам дека, заврши и тендерската постапка за набавка на ново современо противпожарно возило за потребите на ТППЕ, Демир Хисар, со што единицата дополнително ќе добие техничко опременување и оспособување за остварување на нејзините цели“.