Огласи


Јавен оглас за вклучување во јавни работи PDF Печати

Врз основа на Оперативниот план за изменување и дополнување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 05.07.2012 година, објавува


ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентираните невработени лица за вклучување во Јавни работи


1. Се повикуваат долгорочно евидентираните невработени лица, ниско квалификуваните невработени лица и повозрасните лица над 55 години кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи за период не подолг од 6 месеци, да се пријават во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
2. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува финансиска поддршка во износ од 7.600,00 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) месечно.
3. Работното ангажирање на невработените лица за Јавни работи ќе се спроведува преку Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
4. Правата и обврските помеѓу невработените лица, Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје и Агенцијата за вработување на Република Македонија ке се уредат со склучување на посебни договори.
5. За време на Јавните работи работно ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
6. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 20.07.2012 година во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
Детални информации можат да се добијат во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје, во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт центарот 02-3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk.


Агенција за вработување на
Република Македонија

 
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗМЕНИ НА ГРБОТ И ЗНАМЕ НА ОПШТИНАТА PDF Печати

Врз основа на член 10 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02) и членовите 6 и 43 од Статутот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општината Демир Хисар“ бр. 03/02) како и член 1 од Одлуката за распишување на Конкурс за изработка на идејни решенија за измени на постојниот грб и ново знаме на Општина Демир Хисар, бр. 07/401/12, („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.09/12), Комисијата за спроведување на постапката за утврдување на измени на постојниот грб и ново знаме, распишува:

 

ОГЛАС  ЗА  КОНКУРС  БР. 1

за изработка на идејни решенија за измени на постојниот грб и ново знаме на Општината Демир Хисар

I. ДОГОВОРЕН ОРГАН:

I.1) Податоци за договорниот орган:

I.1.1) Единствен матичен број: 6011012

I.1.2) Назив на договорниот орган: Општина Д.Хисар

I.1.3) Адреса на договорниот орган: Битолска, бб, Демир Хисар

Град: Демир Хисар

Поштенски код: 7240

I.1.4) Контакт телефон: 047 552 661

Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Факс: 047 552 661

Интернет адреса: www.demirhisar.gov.mk

I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:

Единица на локална самоуправа – општина

II. ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА:

II.1) Предмет на конкурсот:

Изработка на идејни решенија за изменување/стилизирање на постојниот грб и ново знаме на Општина Демир Хисар

II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: НЕ.

II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од страна на група договорни органи: НЕ. 

II.4) Подетален опис на конкурсот:

Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Кандидатите имаат право да се пријавуваат на конкурсот најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Изборот на идејните решенија ќе го изврши Комисија за спроведување на постапката за утврдување на измени на постојниот грб и ново знаме на Општина Демир Хисар со мнозинство гласови од нејзините членови и најдобрите идејни решенија ќе му ги предложи на Советот на општината со цел утврдување измени на постојниот грб и ново знаме. Комисијата има право да не избере ниту еден од доставените трудови.

III. ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: НЕ.

III.2) Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: НЕ.

III.3) Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираното идејно решение:

-          креативност и автентичност на идејното решение за постојниот грб и ново знаме;

-          техничка издржаност и можност за реализација на решението.

-          при изработка на идејните решенија за изменување на постојниот грб и знамето на Општина Демир Хисар, потребно е да се применуваат хералдичките и вексилолошките правила за креирање на измените на грбот односно новото знаме;

-          идејните решенија треба да бидат изработени со стилизиран приказ со употреба на симболи кои се инспирирани (произлегуваат) од македонската историја, традицијата, културното наследство, обележјата, природните реткости, географските карактеристики како и други карактеристики на Општина Демир Хисар.

-          идејните решенија за грб и знаме се доставуваат до Советот на Општина Демир Хисар, Битолска, бб,  во затворени пратки под шифра со ознака ЗА КОНКУРС ЗА ИЗМЕНИ НА ГРБ И ЗНАМЕ.

-          податоците за авторот да бидат ставени во посебен плик со назнака  Податоци за авторот – не отварај! 

-          Авторството се докажува со копија од приложените решенија и податоци за авторот.

ФОРМАТ:

а) печатена форма

-          изглед на идејното решение во колор, формат А-4;

-          изглед на идејното решение во црно-бело, формат А-4;

б) електронска форма

-          во векторска графика, со дефинирани бои во CMYK и RGB палета на бои.

-          примерок од идејните решенија во pdf формат.

-          Идејното решение за измени на грбот треба да ги задржи следниве постојни обележја: народен вез, дабов и тутунов лист, кама и пиштол Црна Река и поле. А се бришат: вагонетка што виси, петтоаголник на горниот раб од постојниот грб, датум „02.IX.1945“ и текст „Демир Хисар“;

-          Во внатрешноста на идејното решение за грб не треба да се поставуваат било какви и било кои датуми или бројки;

-          Основна боја на штит и боја на обележја – по избор на авторот;

-          Идејното решение за измени на грб да биде погодно за аплицирање на плакета, меморандум, значка, гравура или друга техника на изработка на различни видови на природни и вештачки материјали;

-          На идејните решенија за знамето може но, не мора да биде аплициран грбот на Општината, односно се остава слобода според креативноста на авторот да биде изразена симболичната врска помеѓу грбот и знамето;

-          Идејните решенија за грб и знаме треба да имаат задолжителен текстуален опис за симболиката на измените на грбот и новото знаме;

-          Идејните решенија треба да се разликуваат од грбовите и знамињата на другите општини,  градот Скопје,  Државниот Грб и знаме на РМ како и грбовите и знамињата на Странските држави, градови, административни единици и меѓународни организации;

-          Авторите заедно со идејните решенијата треба да достават Писмена изјава дека предложеното идејно решение е оригинално;

-          Доколку биде исплатена наградата, а во постапката за добивање на согласност за користење на грбот и знамето, биде утврдено дека се работи за плагијат, или авторството му биде оспорено со правосилна пресуда, авторот е должен да ја врати паричната награда во целосен износ;

-          Авторските права на учесниците чии решенија се прифатени за општински симболи и припаѓаат на Општина Демир Хисар и се регулираат со Авторски Договор, преку Авторска агенција;

-          Идејните решенија што нема да бидат прифатени, не се враќаат на авторите

 

IV. АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на идејното решение

Идејните решенија да се достават во рок од 30 дена сметано од денот на објавување на огласот:

Место: Горенаведената адреса на Општина Демир Хисар

IV.2) Награди:

Доделување на награди: ДА.

Доколку пристигнатите идејни решенија ги задоволуваат елементите и критериумите од конкурсот, Советот на Општина Демир Хисар по предлог на Комисија за спроведување на постапката за утврдување на грб и знаме на Општина Демир Хисар, ќе додели награди за идејно решение.

Наградата за идејните решенија за изменување на грбот и новото знаме на Општина Демир Хисар ќе изнесува вкупно 30 000 денари.

За идејно решение за измени на грб:

-          Прва награда – 15 000 денари

За идејно решение за знаме:

-          Прва награда – 15 000 денари

Комисија за спроведување на постапката за утврдување на измени на грб и знаме на општината Демир Хисар

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 3 од 3

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер