Огласи


ЧЕСТВУВАЊА - ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати

2 - 7.МАЈ

1903 - 2014

111 ГОДИНИ ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС

07.05.2014

П Р О Г Р А М А 

07.05.2014 - СРЕДА

10:00 - ПРОМОЦИЈА - СВЕЧЕНО ОТКРИВАЊЕ НА
ТУРИСТИЧКА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО СМИЛЕВО
- 10:00 - на влезот во Смилево
- 10:15 - кај мостот на Стара Река во Смилево
- 10:30 - кај крстосницата на улицата кон музејот „Смилево
и спомен - паркот „Даме Груев“ во Смилево
- 10:45 - на смилевското средсело
- 11:50 - полагање цвеќе на спомен костурницата на
Даме Груев и смилевските Илинденци

11:00 - КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ВО КОНГРЕСНАТА
САЛА ВО МУЗЕЈОТ „СМИЛЕВО“ ВО ИЗВЕДБА НА
УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ СМИЛЕВО

12:00 - ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН ПАРКОТ „ДАМЕ ГРУВ“
 
ТРАДИЦИИ - БОГОЈАВЛЕНИЕ 2014 PDF Печати
1520671_10152575886312942_1293242243_n19.01.2014

ВОДИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР


Во 15 населени места во општина Демир Хисар, денеска беа организирани богојавленски свечености – фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Неколку илјади верници од Демир Хисар и соседните општини дојдоа на невообичаено топлото време покрај вировите и базентите да ја проследат оваа традиционална богојавленска процесија во која што директно учествуваа скоро стотина млади капачи. Најмасовно беше на централната богојавленска свеченост што по 20 – ти пат се одржа на мостот на Стара Река во населбата Мургашево.

Повеќе...
 
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Sovet

26.09.2013

СОВЕТОТ ЈА ОДРЖА ДЕВЕТТАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА

На предлог на претседателот Кире Ристевски, демирхисарските советници на своето деветто редовно заседание расправаа и одлучија за 16 прашања од делокругот на законските надлежности.

Повеќе...
 
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати

Grb_na_opstinata-smalШЕСТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Советот на Општина Демир Хисар ќе ја одржи Шестата редовна седница. Претседателот Кире Ристевски, за ова советничко заседание најави прдлог-  дневен ред од 12 точки, и тоа:

      1. Донесување на Одлука за утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на водоводен систем за водоснабдување на с.Стругово“.

       2. Донесување на Odluka za давање согласност за намена на инвестицијата „Реконструкција на водоводен систем за водоснабдување на с.Стругово“.  

3. Донесување на Одлука za утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на улици во Слоештица“.

4. Донесување на Одлука za давање согласност за намена на инвестицијата „Реконструкција на улици во Слоештица“.

5.Донесување на Одлука за изменување и дополнување на Програмата за донесување на УП за Општина Демир Хисар за 2013 години.

6. Донесување на Одлука за формирање на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.

7.Донесување на Одлука за формирање на Совет за јавно здравје.

8. Донесување на Решение за именување на 5 членови во Советот за јавно здравје на подрачјето на Општина Демир Хисар.

9. Донесување на Решение за именување на членови на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

10. Усвојување на информација за статусот на недвижниот имотот сопственост на општина Демир Хисар.

11. Информација за преземени активности за изработка на процена на загрозеноста на безбедноста на територијата на Општина Демир Хисар и донесување заклучоци за зголемување на соработката.

 12.  Советнички парашања

Седницата ќе се одржи на 02.07.2013, сопочеток во 12:00 часот.

 
МЛАДИ И СПОРТ PDF Печати
Novi_stativi-4

08.08.2012

НОВИ ФУДБАЛСКИ СТАТИВИ ЗА СЛЕПЧЕ

Во рамките на реализацијата на општинскиот проект за превенција од пороците на современото општество, градоначалникот на општината Тони Ангелевски обезбеди и донира нови фудбалски стативи за спортскиот подмладок на населбата Слепче. Иако првично беше планирано стативите да бидат поставени на спортското игралиште кај локалното училиште, по желба на младите Слепчанчиња, стативите беа поставени на големото Прчидоско фудбалско игралиште.

Поголема група млади се вклучија и помогнаа при поставувањето на стативите, а потоа на новите стативи се одигра ревијален фудбалски натпревар на кој што, како член на една од екипите, спортските способности ги демонстрира и градоначалникот Ангелевски.

За време на престојот во Слепче, градоначалникот Ангелевски се сретна и разговараше со жителите на населбата Слепче.

Во рамките на овој проект, до крајот на месецов, во неколку населени места низ општината Демир Хисар, градоначалникот ќе донира и 8 кошаркарски комплети.

Novi_stativi-5

Novi_stativi-1

Novi_stativi-7

Novi_stativi-8

Novi_stativi-9

Novi_stativi-10

Novi_stativi-11

Novi_stativi-12

Novi_stativi-13

Novi_stativi-16

Novi_stativi-2

Novi_stativi-3

Novi_stativi-6

Novi_stativi-14

Novi_stativi-15


 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 2 од 3

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер