Работна средба на Владата на Р. Македонија со градоначалници |
![]() |
Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, присуствуваше на Работна средба на Владата на Република Македонија со градоначалниците. Владата на Република Македонија е подготвена да соработува со општините за сите капитални и развојни проекти. Крајната цел е да се обезбеди регионален рамномерен развој за секоја општина, без разлика на големина и ниво на урбанизација. Успешни градоначалници ќе бидат оние кои ќе носат храбри одлуки и ќе реализираат иницијативи и проекти. Се дискутираше за решенија на проблеми и отворање на можности за инвестиции и развој. . |