ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Повик за развој на вештини на младите од Пелагонија

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК

за вклучување на 15 млади лица од општините

Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево

во активностите на проектот “Fast Forward

 „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Економско зајакнување на младите во 7 рурални општини од Пелагонискиот регион;

Зајакнување на претприемачките капацитети на младите од руралните средини во Пелагонискиот регион.

АКТИВНОСТИ

Во рамките на проектот предвидени се обуки (3 модули со по 2 сесии) за 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Долнени и Крушево кои ќе ги водат докажани експерти од областа на претприемништвото. Обуките се на теми:

  1. Генерирање на претприемачки идеи: унапредување на капацитетите на младите за започнување сопствен бизнис ;
  2. Донесување одлуки и деловно планирање- пазарна валидација на бизнис идеи;
  3. Развивање бизнис план.

Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во Битола.

Патните трошоци до/од местото на одржување на обуките се покриени од проектот.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

–          Место на живеење во некоја од таргетираните општини: Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен или Крушево,

–          Возраст од 18 до 29 години,

–          Претприемачки дух и желба за започнување на сопствен бизнис.

ВРЕМЕНСКА РАМКА за реализација на обуките

февруари 2023 – мај 2023

НАЧИН НА АПЛЦИРАЊЕ

Заинтересираните млади потребно е да испратат Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот на следната адреса cso.prolocal@gmail.com најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: За учество во проект FAST FORWARD.

КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани млади лица од засегнатите општини можат своите прашања за проектот и неговата имплементација да ги постават на cso.prolocal@gmail.com или на телефонските броеви 075/322-323 и 071/307-301.

Skip to content