Согласно последниот Извештај направен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, односно спроведен мониторинг на веб-страниците на Општините и Центрите за развој на плански региони, Општина Демир Хисар се најде на високото второ место од 89 институции.
Од година во година, сè повеќе ја напредуваме ефикасноста во делот на транспарентно, одговорно и отчетно работење, како резултат на посветениот и професионален ангажман, но и успешно воспоставената интерна колективна кооперативност.
Со полесен пристап и ефикасна администрација до подинамичен локален развој и позадоволни граѓани.
Активната транспарентност, всушност, се остварува и за демократизација на општествениот живот.