ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Промотивен настан во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“

На 31. октомври, 2023 г. во хотелот „Милениум“ во Битола се одржа промотивен настан на тема – „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“ со цел промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното.

Настанот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Работниот дел се состоеше од два панела. На првиот панел свои излагања имаа претставници на локалните самоуправи од општините Прилеп и Демир Хисар, кои ги споделија своите искуства со процесот на мониторинг и реализација на нивните изборни ветувања. Во Општина Демир Хисар беше мониторирана замената на уличното осветлување со економично ЛЕД осветлување. Во Општина Прилеп беше мониторирана доградбата на детската градинка во населба Точила и изградба на други капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст, како и, воспоставување на младински центар.

Промотивен настан на тема – „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“, во хотелот „Милениум“ во Битола.

Свои искуства од процесот споделија и претставници од МКЦ – Битола и Младински Совет Прилеп. Во вториот панел, граѓанските организации, медиуми и локални мобилизатори кои учествувале во мониторинг на локалните изборни ветувања дискутираа околу искуствата од процесот на мониторинг, научените лекции и очекувањата од една таква активност во иднина.

По завршување на двата панела беа презентирани и клучните наоди од неодамнешното истражување за граѓанско образование и образование на гласачи, спроведено од ТИМ Институт.

Skip to content