Религиски објекти и нивните карактеристики
Религиозните објекти на територијата на општината Демир Хисар се застапени во поголем број. Меѓу нив, се наоѓаат и такви кои се одликуваат со позабележително значење. Во продолжение се прикажани сите религиозни објекти во општината класифицирани по населени места, а за посебно значајните и туристички атрактивни религиски објекти е направен подетален осврт во врска со нивната локација, време на изградба, врескоживопис и други карактеристики.
Приказ на религиски објекти и нивните карактеристики, по населени места во рамките на Општина Демир Хисар
Населено место | Религиозен објект / Опис |
Бабино | Црква Св. Никола. Црквата е градена во 1858 година, а фрескоживописот бил завршен во 1888 година. |
Топлички манастир – црква Свети Никола. Според написот на западниот ѕид на влезот, црквата е живописана во 1537 година од зографот Димитар од с. Леуново. Во текот на XVI век црквата била срушена и повторно изградена. Црквата претставува еднокорабна градба ѕидана со кршен камен. Фреско-живописот во црквата е целосно сочуван. Конаците се разурнати. | |
Базерник | Црква Св. Атанасиј. Црквата е живописана во 1891-1895 година..Во темелите на црквата има остатоци од средновековна црква и некропола. |
Бараково | Црква Св. Богородица. Изградена е во 1942 година. |
Белче | Црква Св. Никола. Изградена е во 1925 година. |
Боиште | Црква Св. Петка. Релативно нова црква, која не е живописана. |
Црква Св. Ѓорѓи. Почнала да се гради во 1850-та година. Фрескоживописот датира од 1878 година, а го има само на северниот и јужниот ѕид. | |
Црква Св. Илија. Според начинот на градба и иконографските карактеристики на живописот, црквата датира од XVII век. | |
Црква Св. Ѓорѓи. Според натписот над влезната врата, црквата е градена во 1835-та, а обновена 1888 година. Живописана е од зограф Анастас од Крушево. | |
Вардино | Манастир Св. Тома (Шути манастир). Се наоѓа во планинското подрачје помеѓу селата Вардино и Мургашево. Според основата и начинот на градењето се претпоставува дека црквата е изградена во периодот од 15 и 16 век. |
Црква Св. Никола. Црквата е живописана само на дрвениот свод, односно на таванот од штици. Потекнува од XIX век. | |
Црква Св. Константин и Елена. Манастирска црква, изградена на темелите на стара црква. Во тек е изградба на конаци. | |
Велмевци | Црква Св. Илија. Изградена е во 1838-ма, а иконостасот е изработен во 1873/4 г. |
Црква Св. Богородица. Градена е во XVII век, иконостас изработен во 1875 година. | |
Црква Св. Петка. Градена во 1999 година., а осветена во 2000-та година. | |
Параклис Св. Марина. Изградена во 2006 година. | |
Вирово | Црква Св. Никола Мириклијски – Св. Талалеј. Црквата не е живописана. Иконостасот датира од XIX век. Според записот на претставата на Арhaнгел Миhaил црквата е изградена во 1878-ма. |
Манастир Св. Никола. Црквата е изградена во 1999 година. | |
Манастир Св. Петка | |
Големо Илино | Црква Св. Петка. Црквата е изградена 1874 година. |
Црква Св. Никола. Според написот на јужниот ѕид, црквата е изградена во 1824 година, а живописана во 1896 година од зограф Серафим. | |
Манастир Св. Илија. Изграден е во 1990-та година. Во дворот на манастирот има конаци отворени за посетители. | |
Граиште | Црква Св. Леонтие. Изградена е во 1927-ма година на темелите на стар христијански објект. |
Демир Хисар | Црква Св. Никола. Релативно нова црква. |
Доленци | Црква Успение на Пресвета Богородица. Почетоците на градбата биле во 1851 на темели на стара црква. Дел од ѕидовите на црквата се живописани. |
Црква Св. Богородица. Нова црква. | |
Единаковци | Црква Св. Николај. Изградена и живописана во 1884-та година од зографот Коста Анастасов од Крушево. |
Жван | Црква Св. Димитрија (Латинска црква). Црквата е изградена и живописана 1634 година. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година). |
Црква Св. Петка. Според градбата и сочуваниот фрескоживопис, црквата е изградена во првата половина на XVII век. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година). | |
Железнец | Црква Св. Богородица. Изградена е во 1852 година. |
Журче | Црква Усп. на прсв. Богородица. Црквата е живописана во 1885-та година од зограф Никола од Крушево. |
Манастир Св. Атанасиj Александриски (Журечки манастир). Александриската црква е подигната во 1121 година и целосно живописана е во 1617-та. Тремот е обновен и насликан со фрески во 1622 година. Манастирот е заштитен како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година). | |
Црква Св. Илија. Изградена е во 1976 година. | |
Загориче | Црква Св. Николај Мираклијски. Заедничка црква со село Утово. Според написот над вратата на јужниот ѕид, црквата е живописана во 1885 година од зографите Никола и Вангел од Крупево. |
Зашле | Црква Св. Илија. Црквата е изградена и живописана околу 1888 г. Се карактеризира по покривот од камени плочи и долгиот трем. |
Манастирска црква Св. Ѓорѓи. Изграден е во 1873 година. Кај народот е познат како Зашлевски манастир. | |
Кочиште | Црква Св. Никола. Изградена при крајот на XIX век |
Кутретино | Црква Св. Константин и Елена. Главна селска црква изградена во поново време. |
Лесково | Црква Св. Илија. Изградена е при крајот на XIX век, а обновена во 1980 година. |
Мало Илино | Црква Св. Илија. Изградена е при крајот на XIX век врз темелите на стара црква. Во темелите на црквата се наоѓа средновековно археолошко наоѓалиште |
Црква Воведение на Пресвета Богородица. Изградена е во 1974 г. Во темелите на црквата се наоѓа средновековното археолошко наоѓалиште Св. Пречиста. | |
Мренога | Црква Св. Спас. Средновековна црква, која најверојатно била изградена помеѓу XIV и XVI век. |
Ново Село | Црква Св. Арhaнгел Миhaил. Црква од XIX век со релативно нов живопис. |
Обедник | Црква Успение на Пресвета Богородица. Изградена е во 1974 година. |
Прибилци | Црква Успение на Пресвета Богородица. Релативно нова црква (изградена во 1973). |
Радово | Црква Св. Арhaнгел Миhaил. Изградена е во 1856-та г., а живописана во 1875-та г. |
Ракитница | Црква Св. Димитриј. Изградена меѓу XVI и XVII век. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на војводата Веле Марков. |
Растојца | Црква Пресвета Богородица. Изградена во 1874-та година. Градбата на црквата има правоаголна основа. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. |
Света | Црква Св. Петка. Изградена во 1970-та година врз темелите на стара црква. |
Црква Св. Пантелејмон. Изградена во периодот 1905-1910-та година. | |
Сладуево | Црква Св. Илија. Изградбата е започната во 2007 со донации на иселеници од селото, сеуште е во градба. |
Слепче | Манастир Св.Јован Претеча, Слепче. Се претпоставува дека е изграден во 1010-та година. Црквата е изградена во 1862-ра г., на местото на старата голема и живописана црква. Манастирот е заштитен како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 г.) |
Црква Св. Јован Богослов. Позната е уште како Црква Св. Николај Мираклијски Чудотворец. Изградена е во 1864 г. на темели од стара црква. Според натписот на влезот на јужната страна, фрескоживописот е изработен во 1884 год. од зограф Никола Анастасов од Крушево. | |
Црква Св. Јован Теолог (Стара црква). Според написот во црквата, таа датира од 1627 г. Во основа претставува мала еднокорабна градба, покриена со полукружен свод. | |
Манастир Добромирово-посветен на Пресвета Богородица Балаклија.Според археолошките наоѓалишта тука постоела црква од Средниот век. Според легендите, манастирот „Добромирово“ е поврзан со војсководецот Добромир (Самоиловата војска). Во неговите конаци престојувале и владетелите Добромир Хрс и Добромир Стрез. По нивното име манастирот го добил називот „Добромирово“. Во непосредна близина на комплексот се изградени нови конаци за посетители. | |
Слоештица | Св. Атанасиј (селска гробјанска црква). Потекнува од поствизантискиот период. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на Петре М. Андреевски. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 г. |
Црква Пресвета Богородица. Главна селска црква. Изградена во 1908-ма година. Живописана е во 1924-та г. | |
Манастир Св. Ѓорѓи | |
Смилево | Црква Св. Ѓорѓи. Изградена во 1911 год и е прилично голема. Во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен централен свод и покриени странични бродови. |
Манастир Св. Петар и Павле (Смилевски манастир). Новата манастирска црква е изградена во 1983/4 година врз стари темели на црква која била изградена во средината на XIX век. | |
Сопотница | Црква Св. Никола. Претставува еднокорабна градба, покриена со полукружен свод, изградена во 1874 година. |
Стругово | Црква Св. Атанасиј Велики. Претставува трикорабна црква со петто страна апсида изградена и живописана кон крајот на XIX век. |
Манастир посветен на Св. Антониј. Релативно нов објект и во негова близина има конаци. | |
Суво Грло | Црква Св. Атанасиј Велики. Претставува еднокорабна градба со полукружен низок свод и полукружна апсида без прозор, изградена е во 1886 година. |
Црква Рожденство на Пресвета Богородица. Релативно нова градба. | |
Суводол | Црква Св. Константин и Елена. Храмот е изграден околу 1830-та и посветен е на младиот крал Константин и неговата мајка Елена. Фасадите се малтерисании и обоени се окер боја. На западната страна има трем. Црквата не е живописана. |
Манастир посветен на Св. Богородица. Црквата е една од најстарите на овие простори, но била оставена и пропаѓала, се до последното возобновување пред неколку години. | |
Утово | Црква Св. Никола. Претставува релативно нова градба. |
Церово | Црква Св. Илија. Подигната е во 1875 г. Претставува еднокорабна градба покриена со дрвен свод. Има полукружна апсида со мало прозорче. Ѕидана е со кршен камен. |
Манастири