Соопштенија
Еднократна парична помош на семејствата со прваче PDF Печати

Повик за доделување еднократна парична помош

на семејствата кои имаат прваче

во учебната 2022/2023 година

на подрачјето на Општина Демир Хисар

Nikola-Najdovski

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 3.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од денеска 12.08.2022 година до 25.08.2022 година.

Образецот може да се подигне на линкот: ТУКА

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Општина Демир Хисар

Никола Најдовски, Градоначалник

 
Јавен повик за работно ангажирање - Јавни работи PDF Печати

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување и општина Демир Хисар, односно учеството на општина Демир Хисар во ОП за 2022, Мерка 6: Јавни работи, општина Демир Хисар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до невработените лица од територијата на општина Демир Хисар за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 год.


 Општина Демир Хисар има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ од територијата на општина Демир Хисар кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на Агенција за Вработување Демир Хисар и да пополнат соодветна Пријава за учество.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Демир Хисар  трае заклучно со 10.08.2022 год. (среда) до 15 часот.

Повеќе...
 
Оглас за пројавување на интерес PDF Печати

Општина Демир Хисар согласно Законот за локална самоуправа, член 22, став 3 и став 5  (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.5 од 29 јануари, 2002 година) и Одлука бр.17-944/11 од 27.07.2022 Општина Демир Хисар објавува:

.

ОГЛАС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС

За користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица

 

1. Општи информации

Со цел поттикнување на развојот на руралниот туризам и зачувување на културно-историските вредности на Демир Хисар а во насока на остварување на своите надлежности како и целите на Проектот „Откривање на скриените атракции“ финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, Бр.на Договор  2019/411-175, Општина Демир Хисар ги повикува граѓанските здруженија кои работат во областа на развој на руралниот туризам и/или во областа на зачувување и унапредување на културните, природните и историските вредности да поднесат Пријава за пројавување на интерес за користење и управување со Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица. Поднесените пријави ќе ги разгледа Комисијата за општествени дејности по чијашто предлог конечна Одлука ќе донесе Советот на Општина Демир Хисар.

Повеќе...
 
ИНФОРМАТИВНА ВЕСТ PDF Печати

22.7.2022

- Дезинсекција комарци - Втора Фаза, 2022 год.
.
dezinsekcija-foto-za-objava
Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК - Општина Демир Хисар PDF Печати

4.7.2022

.

pokana-petta-demirhisarska-letna-skola-1

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 4 од 33

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер