Соопштенија
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ PDF Печати

03.02.2012

ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

На 03 и 04.08.2012, Центарот за јавно здравје, на територијата на општината Демир Хисар ќе ја спроведе ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 06:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап - возило.

Со оглед дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за десинсекција ќе му претходи друго возило осначено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината Демир Хисар, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитати предвидени во планот и програмата.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд...), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања, можете да се јавите на отворениот телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола: 208 100 и 208 101

 
Програма за волонтерство на општина Демир Хисар PDF Печати

Врз основа на член 6 од законот за волонтерство(,,Сл.весник на РМ бр. 85/07 и 161/08),  член 50 став1 точка 13 и 16 од Законот за Локална самоуправа(,,Сл,весник на РМ,бр.05/2002) Градоначалникот на Општина Демир Хисар донесе:

П   Р   О   Г   Р   А   М   А

За волонтерство на општина Демир Хисар

за 2012-2013 година


            Со оваа Програма се утврдува потребата од ангажирање на волонтери во општина Демир Хисар, видот на услугите и начинот и постапката за обезбедување на истите.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

            Под волонтерство, согласно законот, се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини, или вршење на други активности во корист на општина Демир Хисар без надоместок.

            Под волонтерство не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работни односи.

Повеќе...
 
ФИЛМ „ДО БАЛЧАК“ PDF Печати

Grb_na_opstinata-smal

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ОД ПРОДУКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ДО БАЛЧАК“

Се известуваат граѓаните, посебно жителите на селата Единаковци и  Света, како и лицата што се движат по регионалниот пат Р 2339, Демир Хисар - Прилеп, дека од 05 - ти, до 25 - ти мај, ќе биде активна пругата од Бакарно гумно до Света. Во овој период и без утврдени термини, за потребите на снимањето на филмот, повремено ќе сообраќа воз.

Од безбедносни причини, им се обрнува внимание на пешаците и возачите на моторни возила, велосипеди и моторцикли, да внимаваат при преминувањето на железничката пруга

 
МЕТЕОРОЛОГИЈА PDF Печати
СООПШТЕНИЕ ОД УПРАВАТА ЗА ХИДРOМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

Soopstenie_od_UHMR-k
Soopstenie_-2_UHMR

 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати

Одделението за финансиски прашања ги повикува сите даночни обврзници, веднаш да ги подмират своите задоцнети  даночни обврски.

Во спротивно ќе се пристапи кон присилна наплата во согласност со закон.

Информации на телефонскиот број  (+389) (0)47 552 661

Работно време: 08:00 – 16:00 часот

 
Повеќе Артикли...
<< Почеток < Пред 31 32 33 Следно > Крај >>

Страница 32 од 33

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер