Соопштение, 18.5.2018 PDF Печати

Информации за Проектот Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ (Македонско здружение на млади правници) 

Една од главните цели на проектот е обезбедување на директна правна поддршка на поединци и семејства со ниски примања, кои живеат во помали урбани и изолирани рурални средини на територијата на Република Македонија. Заради сиромаштијата и социјалната исклученост оваа категорија на лица не е во можност да ги оствари своите права во најразличните правни области (социјална и здравствена заштита, присилното извршување, правото на сопственост, заштитата на правата од работен однос, заштитата од дискриминација итн.) 

Мобилниоит тим од Пелагонискиот регион планирано е да реализира 8 едукативни настани наменети за локалното население од истиот овој регион, со цел нивно правно зајакнување. Настаните (еднодневни, не повеќе од 3 часа времетрање по настан), ќе се спроведуваат во различни општини, по претходно воспоставен план и со претходно утврдени теми, а во блиска соработка со самите општини. 

 

soopsteni1

soopsteni2

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер