Оглас Општинско Корисна Работа 2018 PDF Печати

Image result for агенција за вработување на република македонијаhttp://demirhisar.gov.mk/images/stories/11947962_10154212930722942_317618818833203762_o.jpg

Општина Демир Хисар

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Демир Хисар, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа


Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Подобрување на социјалните услуги во Општина Демир Хисар”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) и 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Демир Хисар.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) и 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-       долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција);

-       млади лица до 29 години;

-       лица постари од 50 години;

-       лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност;

-       инвалидни лица;

-       родители на 3 и повеќе деца;

-       лица со незавршено средно или пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-       Образовен асистент

(3 лица, високо образование-одделенска настава, работен ангажман 9 месеци);

-       Личен Асистент

(1 лице, минимум основно образование, работен ангажман 9 месеци);

-       Психолог во ЦПЛИП – ПОРАКА Демир Хисар

(1 лице, високо образование-психолог работен ангажман 6 месеци);

-       Лице за посета на стари лица во домашни услови

(3 лица, минимум основно образование, работен ангажман 6 месеци).

Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за Демир Хисар во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Демир Хисар и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Демир Хисар кај лицето Злате Бошевски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување Демир Хисар кај лицето Сузана Митревска, Центар за социјлна работа Демир Хисар кај лицето Димче Митревски.


 

 Демир Хисар                                                                         Општина Демир Хисар

01.08.2018 год.                                                                             Градоначалник,

                                                                                                Марјанче Стојановски


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер