Дератизација есенска втора фаза 2018 година |
![]() |
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар и решението на ДСЗИ за спроведување на вонредна превентивна систематска дератизација на територијата на О. Демир Хисар како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје -Битола го издава следново соопштение: Се информира населението дека на ден 02.11.2018 год, екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на есенска втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци). Со дератизацијата ке бидат опфатени:
- Дератизација на подземниот канализациски систем во Општина Демир Хисар и н.м. Суводол, Кутретино, Слепче, Сопотница, Слоештица и Велмевци - Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес: - Детски градинки: - Воспитно образовни институции: - Здравствени установи: - Останати објекти во градот од јавен интерес на локалната самоуправа, - Дератизација на јавната депонија Фронтално поставување на родентицидни мамци во неколку зони Активностите на теренот ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЈЗ Битола во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник од локалното комунално претпријатие во Општината. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола е 208-100, 208-125. Со надеж за Ваше разбирање, соработка и помош при спроведувањето на оваа акција однапред Ви благодариме. Битола, 31.10.2018 годинаВ.Д. Директор наЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола Прим.Др. Елизабета Крстева |