ЈАВЕН ПОВИК Печати

12.12.2018 

.

Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Демир Хисар објавува

.

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Демир Хисар и доверителите на единките корисници основани од Општина Демир Хисар, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година

.

Се повикуваат доверителите на Општина Демир Хисар и доверителите на единките корисници основани од Општина Демир Хисар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.

Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските – ЕСПЕО.

За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

-  Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Демир Хисар, единки корисници основани од Општина Демир Хисар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита и доверителот;

-  Фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

.

Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.

Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување, за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Општина Демир Хисар – одделение за финансиски прашања или да ја преземат од веб-страницата на Општина Демир Хисар – www.demirhisar.gov.mk .

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Демир Хисар и доверителите на единките корисници основани од Општина Демир Хисар од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Демир Хисар.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во архивата на Општина Демир Хисар (од 8:30 до 15:30 часот секој работен ден), на ул. „Битолска“ бб, Демир Хисар.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Демир Хисар, на веб-страницата на Општина Демир Хисар и во печатен  медиум.

Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Демир Хисар ќе ги разгледува пристигнатите пријави, и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 047-552-661, на е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или лично во општина Демир Хисар – Одделение за финансиски прашања. Лице за контакт: Влатко Станковски – Раководител на одделение за финансиски прашања.

                                                                                      Општина Демир Хисар

                                                                                             Градоначалник
                                                                                      
 Марјанче Стојановски

Во прилог линк од пријавата