Урбанистичка Ревизија за општина Демир Хисар Печати

На 23 седница на Советот на општина Демир Хисар одржана на 14 февруари беше изгласан документот „Урбанистичка ревизија за општина Демир Хисар“ 

urbanisticka revizija demir hisar small

Процесот на креирање на документот Урбана ревизија беше спроведен од страна на тим формиран од општинската администрација со решение од градоначалникот на општината, а беа вклучени и други вработени од општината.
Беше направена теренска посета на населените места со цел да се добијат конкретни податоци кои беа потребни за самиот документ (евидентирање, предлагање и утврдување  на приоритети).
Сите податоци на крајот беа соберени од страна на тимот и истите беа селектирани и сублимирани во документот Урбана ревизија на Општина Демир Хисар.