СООПШТЕНИЕ Печати

03.04.2019

.

mzsv - soopstenie

 

Поради појавата на шумски пожари, а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл. весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 и 39/16) се воведува делумна забрана за движење во шума и шумско земјиште 24 часа.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Се известуваат сите граѓани на Општина Демир Хисар дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно член 23 од Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Забраната ја спроведуваат вработените на ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории, МВР, Шумска полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.