ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати

05.03.2020

.

logo-za-javen-povik


.

Општина Демир Хисар
Општина Демир Хисар, на ден 05.03.2020 година објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
лица за изразување интерес за давање на социјални услуги
помош и нега во дом
.
Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот за обезбедување на социјални услуги помош и нега во дом (стекнување на вештини и давање на социјални услуги), да се пријават во Општина Демир Хисар.
Лицата кои ќе бидат вклучени во Проектот и ќе се стекнат со потребните вештини ќе бидат работно ангажирани за давање на социјални услуги преку ОО на „ЦРВЕН КРСТ“ Демир Хисар.
Право на учество во Проектот ќе имаат сите лица кои ќе изразат интерес за давање на социјални услуги помош и нега во дом, при што предност ќе имаат евидентираните невработени лица.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот предвидена е шестмесечна теоретска и практична обука. Лицата кои ќе ја поминат обуката ќе се стекнат со лиценца за негувател. За давање на социјалната услуга помош и нега во дом се предвидува паричен надоместок во висина од 240,00 денари од час (бруто износ).
Помош за остварување на основните активности од секојдневниот живот на корисникот што ќе ја дава негувателот вклучува:
- Помош при миење на лице, раце и заби, миење на коса, бањање, чешлање, бричење, сечење на нокти и сл.;
- Помош при облекување и соблекување;
- Помош при вршење на физиолошки потреби, помош за да стигне до тоалет, да се исчисти по користењето или помош при користење на лопатка во кревет или мобилен тоалет;
- Помош при движење во и околу домот;
- Помош при хранење и помош при менување пелени и подлоги.
Помош за остварување на инструменталните активности од секојдневниот живот на корисникот што ќе ја дава негувателот вклучува:
- помош во чистење на просториите и апаратите во домаќинството, помали поправки,
- посредување заради поправки на водоводни, електрични и други инсталации, столарија,
- молерисување и други услуги, помош во ложење печки на дрва и чистење на пепел,
- вршење на полесни домашни задачи како што се миење садови, местење кревет, менување постелнина и слично;
- помош во перење, сушење и пеглање облека и одржување обувки и слично;
- помош при планирање, подготвување, загревање и послужување на соодветни оброци и пијалоци;
- помош при вршење помали и поголеми набавки на храна, пијалоци, облека, обувки, весници и слично;
- помош заради надворешна мобилност: помош при движење надвор од домот,
користење јавен превоз, превоз со такси-возила и слично;
- помош при администрирање на лекови во соодветно време и доза, третирање полесни рани и преврски, контрола на витални функции како што се крвен притисок, телесна температура, ниво на шеќер во крвта и слично;
- помош при користење телефон и други уреди, помош при наоѓање и бирање броеви, јавување на телефон, користење радио, телевизор, компјутер и слично и
- помош при управување на буџетот, плаќање сметки, одење во банка и слично.
Лица кои ќе изразат интерес за учество во Проектот треба да ги исполнат нормативите и стандардите за давање на услугата и тоа:
- Да има здравствена способност за вршење на дејноста,
- Да има најмалку основно образование,
- Да не му е одземена или ограничена деловната способност,
- Да не му е одземено вршењето на родителското право,
- Да не му е изречена осуда за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
- Да не му е изречена забрана за вршење на должност, дејност и професија.
Доколку лицата поседуваат сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни ќе можат директно да се вклучат за давање на социјални услуги преку ОО на „ЦРВЕН КРСТ“, Демир Хисар.
Лицата кои ќе пројават интерес за учество во проектот да достават Пријава до Општина Демир Хисар во периодот од 05.03.2018 година до 17.03.2020 година, од 08:30 до 15:30 часот.
Детални информации за Проектот можат да се добијат во Општина Демир Хисар кај лицето Мише Милошевски, Агенција за вработување - Центар за вработување Демир Хисар кај лицето Сузана Митревска, Центар за социјлна работа Демир Хисар кај лицето Димче Митревски.
.
Општина Демир Хисар
05.03.2020 год.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер