ЈАВЕН ПОВИК - НАГРАДАTA ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО Печати

06.07.2020

.

foto-javen-povik-za-zivotno-delo2020


.

Врз основа на член 43 точка 39 од Статутот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр. 03/2) и одредбите од Одлуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар, бр. 07 – 942/9 од 26.12.2013 и измените на Одлуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар  бр. 17-875/4 од 12.9.2018, Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, објавува:

.

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

.

  1. Наградата на Општина Демир Хисар „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“, се доделува на физичко лице за постигнати вонредни резултати, а особено за успеси и големи заслуги постигнати во областа на науката, бизнисот, економијата, образованието, културата, техничката култура, уметноста, спортот, здравството, социјалната заштита, екологијата и хуманитарните дејности, како и други подрачја и дејности, во Општината Демир Хисар.
  2. Наградата за животно дело се состои од ПЛАКЕТА и нето ПAРИЧЕН ИЗНОС;
  3. За доделувањето на наградата на Општина Демир Хисар за животно дело одлучува Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди;
  4. За висината на паричниот дел од наградата одлучува Советот на општината;
  5. Наградата ќе биде врачена на свечена седница на Советот по повод  2 Септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар;
  6. Предлог за доделување на наградата „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“ можат да поднесат трговски друштва, установи, верски заедници, политички партии, здруженија на граѓани и граѓаните – поединечно или како неформална група;
  7. Еден предлагач може да поднесе предлог само за 1 кандидат;
  8. Лицата што ќе бидат номинирани за наградата, задолжително потпишуваат, а предлагачите доставуваат потпишана изјава дека се согласни со номинацијата;
  9. Предлозите се доставуваат во писмена (печатена) форма, на пропишани обрасци што можат да се преземат TУКА или во архивата на Општина Демир Хисар;
  10. Предлозите се доставуваат лично, преку архивата на Општина Демир Хисар, до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, со назнака „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“;
  11. Предлозите се доставуваат во 6 идентични примероци;
  12. Краен рок за поднесување на предлозите е 20.7.2020, до 15:00 часот;
  13. Некомплетни предлози, предлози што нема да бидат доставени изработени на пропишаните обрасци, предлози што нема да бидат доставени преку архивата на општината и коишто ќе бидат доставени по завршувањето на утврдениот рок, нема да бидат разгледувани;

.

Совет на Општина Демир Хисар

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди

Претседател на комисијата

Татјана Кочовска